Халкбанк: Ажурирајте го телефонскиот број, ќе добиете СМС со информација кога ќе можете да ја подигнете картичката „КУПУВАМ ДОМАШНО’’

Халкбанк АД Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат добиено финансиска поддршка од страна на Владата на Република Северна Македонија во рамките на програмата „КУПУВАМ ДОМАШНО’’, а која треба да се реализира преку Банката, доколку досега не извршиле ажурирање на своите лични податоци (телефонски број), тоа да го направат во најкус можен рок.

halkbank-azurirajte-go-teleofnskiot-broj-kje-dobiete-sms-so-informacija-koga-kje-mozhete-da-ja-podignete-kartichkata-01.png

Од причина што во моментот кога ќе биде изработена домашната платежна картичка, корисникот од страна на Халкбанк ќе добие СМС порака со информација каде може да ја подигне домашната платежна картичка од филијалата во која ќе им биде доставена. Ажурирањето на телефонскиот број може да се направи 24/7 на телефонскиот број 02/3296-330.

Програмата за финансиска поддршка на Владата важи за невработени граѓани, вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници и се состои од издавање домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги во утврдениот рок. Корисниците на финансиска поддршка се објавени на www.kupuvamdomasno.gov.mk и секој корисник со внесување на својот ЕМБГ може да провери дали му следува помошта и во која банка издавач ќе му биде издадена домашната платежна картичка и висината на финансиската поддршка.

На корисници на финансиска поддршка кои се постоечки клиенти на Халкбанк АД Скопје и имаат матична филијала ќе им биде отворена посебна трансакциска сметка за намените за кои важи картичката. При врачување на домашната платежна картичка, потребно е корисникот на финансиска поддршка да се идентификува со документ за лична идентификација (лична карта или пасош) во филијалата.

Малолетен граѓанин корисник на домашна платежна картичка кој има валиден документ за идентификација (лична карта или пасош), може самостојно да даде согласност и да склучи Договор за издавање на домашна платежна картичка и отворање на посебна трансакциска сметка без присуство на родител/старател.

За сите корисници на финансиска поддршка кои немаат трансакциска сметка кај ниту една банка и се распределени за издавање на домашна платежна картичка во Халкбанк АД Скопје, ќе биде објавено дополнително известување со сите детали за отворање на посебна трансакциска сметка и начинот на подигнување на домашната платежна.

Домашната платежна картичка може да се користи исклучиво за купување македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Северна Македонија. При нејзино издавање и користење не се наплатуваат никакви надоместоци и провизии, а не се наплатува ниту членарина за првата година.

Секој кој ќе биде корисник на ваква картичка од Халкбанк има можност истата да ја користи и понатаму. Притоа, за нејзино користење до крајот на 2020 година, Банката нема да наплатува надоместоци, а користењето по истекот на 2020 година, ќе биде во согласност со општите правила и услови за користење на платежна картичка на Банката. Корисникот исто така без надомест може да изврши затворање на сметката и затворање и/или одјавување на домашната платежна картичка.

Би можело да ве интересира:

Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg