Нова промоција од А1 Македонија: Атрактивна понуда на А1 Smart Home пакетите

Скопје, 25 јуни 2020г. - А1 Македонија со нова намалена промотивна месечна претплата на Smart Home пакетите, како и на сите паметни уреди кои можат да се комбинираат согласно потребите на корисниците.

atraktivna-ponuda-na-a1-smart-home-paketite-01.jpg

Smart Home решенијата се состојат од паметни електрични уреди за управување во домаќинството со кои корисниците имаат можност да ја зголемат својата удобност, сигурност и безбедност.

Со новата промоција А1 им нуди на своите корисници намалени цени на Smart Home пакетите, како и на месечните претплати за истите. Имено, отсега месечната претплата на уредите во пакетите Smart Home Basic во кој се вклучени централна единица, два паметни приклучоци и сензор за врати и прозорци e 399 денари, за Smart Home Protect во кој се вклучени централна единица, два паметни приклучоци, сензор за врати и прозорци, внатрешна камера и повеќенаменски сензор е 599 денари, а за Smart Home Comfort во кој се вклучени централна единица со SIM, два паметни приклучоци, два сензори за врати и прозорци, паметен засилувач, внатрешна камера и повеќенаменски сензор е 699 денари. Месечната претплата за услугите од пакетите Basic и Protect е 0 денари, а претплатата за услугите од пакетот Comfort изнесува 199 денари, со склучување на договор за 24 месеци.

A1 Smart Home на корисниците им овозможува преку користење на едноставна апликација на смартфон, да управуваат со електричните уреди во домот и да проверат дали е сè во ред во секое време, од кое било место. На овој начин се намалуваат трошоците и се заштедува време. Smart Home е достапен за сите, а инсталацијата е многу едноставна, без кабли и губење време. Уредите имаат можност за посебен режим и ограничено управување за деца со што се овозможува секој член од семејството да ги користи.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година? „Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 3...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава