Семос Едукација – вашата прва станица за реализација на владините ваучери

Имате 18 - 29 години? Добивте ваучер за обуки за дигитални вештини? Појдете во Семос Едукација – има зошто!

semos-edukacija-vashata-prva-staniza-za-realizacija-na-validnite-vaucheri-01.jpg

За да се победи злото наречено Ковид-19, не се потребни само маски и дистанца, потребен е труд и солидарност на сите фронтови – дома, на работа, а најмногу на оној во главата кој често знае да нѐ фрли во стагнација. Повеќе нема изговори, излезете од комфорната зона и од толпата песимисти кои ги прогласија професиите за мртви, бидејќи Ковид-19 само го забрза она што одамна стартуваше во светот - дигитализација на професиите.

Ако се наоружате со соодветни дигитални вештини, нема да треба да се откажете ниту од традиционалните професии како плетење или вајање. Напротив, ќе го подобрите и забрзате процесот на работа и ќе бидете конкурентни на пазарот на трудот.

Во прилог на веродостојноста на оваа теза говори и мерката на Владата на РСМ. Станува збор за ваучери за обука за дигитални вештини кои можат да ги искористат лицата кои имаат завршено средно образование на возраст од 18 до 29 години. Периодот за аплицирање за мерката е 19 јули-02 август, додека конечната листа на Даватели на услуги ќе биде позната до 18 јули.

Доколку се официјализира учеството на Семос Едукација во овој корисен и вреден проект, тогаш нема да имате дилема каде треба да го реализирате стекнатиот ваучер.

И генерациите кои се бунтуваат против дигитализацијата, знаат кои се Семос Едукација. Нивното професионално делување трае цели 25 години, благодарение на висококвалификуваните тренери, предавачи и инструктори и партнерства со најпознатите светски IT брендови како Microsoft, Cisco, Oracle, AWS, EC-Council, VMware, ISTQB, ITIL, SCRUM, Adobe, Autodesk, Unity, ISTQB и Python Institute.

Во Семос Едукација досега обука посетувале над 68.500 студенти, oние кои почнале да учат од нула, оние кои се доквалификувале и оние кои одлучиле да сменат професија; вклучувајќи ги и компаниите кои со години ги праќаат своите вработени да се надградат во Семос Едукација.

Вредноста на тимот на Семос Едукација се должи најмногу на нивниот персонализиран пристап кон кандидатите. Благодарение на долгогодишното практично искуство, тие умешно ги насочуваат заинтересираните кон обуките кои им се потребни, земајќи ги предвид нивните афинитети и аспирации. Од друга страна, пак, секогаш се во тек со светските тенденции инстатно креирајќи професии на иднината кои се најбарани на пазарот на трудот. Токму поради ова, услугите на Семос Едукација се барани во регионот и пошироко.

Но, поддршката на Семос Едукација не завршува тука! По завршување на која било обука, вие добивате влез во нивниот Кариерен Центар преку кој лесно ќе дојдете во контакт со огромна мрежа на познати IT компании, институции, креативни индустрии и агенции, во превод, со вашиот иден работодавач.

Вредноста што вие, како корисник на нивните услуги ќе ја добиете, го надминува секој вложен денар. Ако круната на стекнатото знаење е меѓународно признатиот сертификат, во неговата суштина се кријат иновативни вештини во согласност со последните стандарди.

Од портите на Семос Едукација вие ќе излезете како човек кој стекнал нови пријателства, како човек кој научил што е етичко работење, како човек кој има каде да се обрати за помош и поддршка во кое било време на кое било место. Плус, како високо квалификувана индивидуа која лесно ќе го адаптира и примени своето знаење во домашните и странските компании.

Да, Семос Едукација ќе бидат вашиот ПРВ избор за реализација на ваучерот, бидејќи тие зборуваат за квалитет, а не за бројки!

Со цел да ви се заблагодарат за лојалноста, ви подготвија избор од три подароци и плус изготвија форма која ќе ви помогне да изберете соодветна обука. За сите овие детали, плус информации околу аплицирањето, кликнете ТУКА.

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg