Филипче: Корона кризата ескалираше на Балканот, на есен вирусот побрзо ќе се шири

Министерот вели дека живееме со вирусот и мора да го прифатиме и да функционираме нормално, дури и да се дружиме, но единствено со почитување на мерките. Мора сами да се заштитиме. 

filipche-korona-krizata-eskalirashe-na-balkanot-na-esen-virusot-pobrzo-kje-se-shiri-01.jpg

За состојбата во болниците, за кризата на Балканот и во земјата, како и за тоа како ќе се одвива изборниот процес, погледнете што кажа Министерот.

Дел од изјавата од прес-конференцијата кои Филипче ги истакна:

Кризата насекаде ескалираше на Балканот и земјите во регионот. СЗО извести дека 60% од случаите се регистрирани во месец јуни, на светско ниво. Насекаде има нов бран, кај нас дојде малку порано и многу рано го детектиравме и тоа е директна последица на попуштањето на рестриктивните мерки и непочитување на оние за лична заштита.

Првичните предвидувања дека вирусот во текот на летото ќе исчезне, не се остварија и има пикови на новозаразени и починати, што е доказ дека вирусот е тука и ќе остане, а ние мора да бидеме подготвени.

Анализите од извештајот за 20ти до 28 јуни, споредено со претходната недела има 303 помалку нови случаи, 8 помалку смртни и 216 повеќе оздравени пациенти.

Изминатата недела има вкупно околу 860 случаи, што е помалку од 1.000 случаи во просек претходните 3 недели. И минатата недела инциденцата е пониска. Р0 факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само 2-3 дена е 1, а останатиот период е 0.9.

Во наведениот период има заболени лица од сите возрасни групи, најмногу од лица над 60 години. И смртноста во оваа група е висока.

Во однос на дистрибуција по градови, најмногу има во Скопје 46%, а Тетово 13%, овие градови се уште најголеми жаришта.

Стратегијата на широко интензивно тестирање и контакти на позитивните по индикација, дава резултати, во просек имаме околу 8000 тестови неделно. Овој пристап овозможува да имаме широк увид во состојбата и ширењето на вирусот. Овој систем помага да ја стабилизираме ситуацијата во двете жаришта. Како резултат на ова имаме рана детекција на симптоматски случаи и нивно изолирање на што работат сите центри за јавно здравје.

Во следниот период продолжуваме со иста стратегија, граѓаните да соработуваат со здравствените работници, да даваат точни податоци за епидемиолошките анкети.

Анализата во однос на процент позитивни од тестирани укажува дека имаме просек под 13% од вкупниот број тестови и бројката не се менува многу во последниов период.

Анализата на хоспитализираните пациенти упатува дека има добар пациент кои доаѓаат во болница откако состојбата им е значително влошена. Апелираме и најмалото влошување да биде знак дека е потребна хоспитализација, само така ќе се избегнат компликации.

Во однос на состојбата, на Инфективна клиника во последните 24 часа има 5 нови пациенти, вкупно 90 хоспитализирани, на кислородна поддршка 53. Има 20-тина кревети во самата клиника на располагање.

Во Козле се хоспитализирани 29 пациенти, возрасни и 4 деца. Во 8-ми септември 6 нови пациенти, вкупно 122 пациенти, на респираторна машина се 3. 88 се потврдени позитивни.

Во болницата во Битола 37, во Штип 45 и во двете има слободни кревети. На инфективни одделенија во Тетово, Охрид, Прилеп, Куманово, Велес и Гостивар 94 вкупно хоспитализирани пациенти и секаде има слободни кревети.

Целосно се заврши инсталацијата за довод на кислород во модуларната болница и сега е спремна да прими пациенти. Заврши постапката за ист таков тип модуларна амбуланта и евентуално сместувачки капацитет до Клиниката за пулмологија, за следниот период.

Останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно ќе се шири, луѓето нема да може да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории и во таа смисла работиме на подготовка на капацитетите за тој период.

Имав средба со повеќе директори од повеќе болници во Штип, Охрид и Битола и разгледуваме евентуално дополнителни капацитети кои може да се користат како болнички. Има дискусија за студентски домови.

Во однос на изборниот процес, според евиденција на ДСЗИ, нешто помалку од 5.000 луѓе се во изолација и треба да се пријават ако сакаат да гласаат. По тројца во општини ќе бидат определени за ова гласање да биде спроведено.

Планираат симулација на процесот на денот на гласање како тоа би изгледало со сите заштитни средства според протоколот и претставници на Комисијата за заразни болести ќе бидат присутни.

Светот е далеку од крај на пандемијата, вирусот е тука, имаше повеќе земји кои прогласија крај на епидемијата и очигледно погрешија со попуштање на мерките, повторно се враќаат случаи насекаде.

Апелирам за безусловно почитување на мерките.

Би можело да ве интересира:

Пар од САД е воодушевен од посетата на Македонија: „Охрид во есен е прекрасен, земјава е мало парче ... „Ова е мало парче рај, скриениот бисер на Европа“ – млад американски пар е вооду...
Ресторан во Свети Николе е вистинска есенска бајка со тикви, суво цвеќе и сено (фото) Со доминација на портокалови нијанси и многу различни облици на тикви, овој лока...
Тамара Тодевска ужива со саканиот Лука на јавање коњи во Галичник - вистинска есенска идила (фото) Тамара Тодевска изгледа среќно и спокојно среде есенската бајка на Галичник на к...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...
Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ов... Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи...
Елена Најдоски во Грција, Владимир Четкар на Охридско Езеро - Кои познати Македонци ја дочекаа есент... Едни во Грција, други во Турција, трети на Јадранско Море - многу познати Македо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg