„Нептун Македонија“: Грижата за здравјето на вработените значи грижа за јавното здравје

Меѓу мерките што ги презеде „Нептун Македонија“ е насоченото движење на потрошувачите во продавниците, со цел да се обезбеди пријатен и контролиран процес на купување на производите, искусување на нивната намена и информирање за нив, без да се создава метеж и без групирање на повеќе потрошувачи.

neptun-makedonija-grizhata-za-zdravjeto-na-vrabotenite-znachi-grizha-za-javnoto-zdravje-01.jpg

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, здравствените власти кај нас, но и глобално, постојано ги повторуваат мерките за заштита што се неопходни за да се спречи ширењето на новиот корона-вирус. По разлабавувањето на мерките, отворањето на продавниците и враќањето на вработените на работа, се наметна потреба компаниите да спроведат дополнителни протоколи за да се овозможи непречен тек на работата, без притоа да се загрозат вработените, а со тоа да се заштити и јавното здравје.

„Нептун Македонија“, како дел од една од најголемите приватни инвестициски групации во Југоисточна Европа, „Балфин“, сериозно ја сфати оваа потреба на „новото нормално“. Од компанијата велат дека првенствена е личната заштита – редовно и зачестено миење раце, користење средства за дезинфекција, носење маска и одржување дистанца и, оттука, соодветното информирање и едукација играат клучна улога.

- Соодветно, брзо и ефикасно споделени информации за мерките за самозаштита до сите вработени на „Нептун Македонија“ беа првите чекори кои компанијата ги презеде со цел да сме сигурни дека нашите човечки ресурси се заштитени при извршувањето на своите работни задачи. Се фокусиравме секој поединечно да добие едукација за безбедно работење во наметнатите услови и одржување дистанца во контактот со потрошувачите – вели Маја Котеска Дончовска, раководителка за општи работи во „Нептун“.

Индивидуалната одговорност е исклучително важна за спроведување на овие основни мерки, а вработените на „Нептун Македонија“, од кои голем дел се во контакт со многубројни клиенти, покажуваат високо ниво на свесност и одговорност.

- Недозволиво е неносењето или неправилно користење на средствата за заштита. Нашите вработени многу внимателно се однесуваат за да се заштитат себеси, своите колеги и клиентите – вели Ана Костовска, менаџер за човечки ресурси во „Нептун“.

neptun-makedonija-grizhata-za-zdravjeto-na-vrabotenite-znachi-grizha-za-javnoto-zdravje-002.jpg

Но и покрај тоа, менаџментот на компанијата, со цел да обезбеди уште повисоко ниво на сигурност, подготви и дополнителни протоколи и процедури, кои се јавно истакнати. Костовска вели дека на тој начин и самите тие, но и потрошувачите, се чувствуваат побезбедни.

- Одделот за човечки ресурси од самиот почеток на корона-пандемијата најтранспарентно ги споделува сите информации поврзани со заштита на здравјето и безбедноста, тука сме и да опоменеме доколку забележиме одредено непочитување на мерките. Исто така, во изминатиот период воведовме и работа од дома за позициите каде што не е неопходно присуство во канцеларија.

Ова се покажа доста успешно и сите процеси непречено се одвиваа. Нашата компанија во секој поглед ги следи и почитува пропишаните мерки од страна на институциите, така што сите вработени кои се родители на деца до 10 години и хронично болни се ослободени од работа.

Превентивни мерки кои значат изолација на одредени вработени, исто така, се спроведуваат. Најмалку што посакуваме е да доведеме нечие здравје во опасност и согласно тоа ги преземаме сите мерки, но сепак личната одговорност на секој поединец има пресудна улога – објаснува Костовска.

neptun-makedonija-grizhata-za-zdravjeto-na-vrabotenite-znachi-grizha-za-javnoto-zdravje-04.jpg

Меѓу мерките што ги презеде „Нептун Македонија“ е насоченото движење на потрошувачите во продавниците, со цел да се обезбеди пријатен и контролиран процес на купување на производите, искусување на нивната намена и информирање за нив, без да се создава метеж и без групирање на повеќе потрошувачи.

- Предизвици секогаш има, но во синџирот сме сите еднакво вклучени. Важна ни е и информираноста на потрошувачите и почитувањето на мерките од нивна страна. За да ги информираме соодветно, направивме постери и стикери за обележување на безбедното растојание – посочува Котеска Дончовска.

Како и самиот процес на работа, промени претрпе и начинот на регрутација и селекција на кандидатите за пополнување на одредени позиции.

- Како и повеќето компании, и ние го почувствувавме ударот од здравствената криза, но може да се пофалиме дека не отпуштивме ниту еден вработен. Напротив, таму каде што имаше потреба од дополнителен кадар, редовно се дополнуваше и сè уште се дополнува.

Процесот на регрутација и селекција премина од традиционалниот начин на интервјуирање кон онлајн-интервјуа и онлајн-тестирања.

Во одредени случаи и претходно сме користеле ваков начин на интервјуирање, така што без потешкотии се префрливме на дигитален начин на селекција – објаснува Костовска и посочува дека и процесот на воведување во работата на новите вработени се одвива преку дигиталните платформи.

neptun-makedonija-grizhata-za-zdravjeto-na-vrabotenite-znachi-grizha-za-javnoto-zdravje-003.jpg

Таа додава дека не ги отфрлаат целосно личниот контакт и интервјуата во живо, но тие се спроведуваат под посебни протоколи за дистанца и задолжително носење маски.

Во „Нептун“ се согласни дека грижата за човечките ресурси значи и грижа за самата компанија, а во ситуација на глобална пандемија и грижа за јавното здравје.

Покрај сите мерки на заштита во продавниците, „Нептун“ продолжува да вложува и во развојот на е-продажбата, со цел да им овозможи подобро искуство и на оние потрошувачи за кои првиот избор е онлајн-купувањето.

- Онлајн-купувањето е алтернативен начин на продажба и во состојба на пандемија секој потрошувач може да нарача производ брзо, лесно и безбедно преку нашата веб-страница или преку мобилната апликација, а производот да биде испорачан до наведената адреса.

Пандемијата и “новото нормално” со сигурност придонесоа овој канал на продажба да се активира масовно. Особено ни е драго и што и пред пандемијата нашите статистики покажуваат стабилен раст на онлајн-продажбата.

Ние сме насочени кон понатамошно ширење на интернет-продавницата преку акции и фокусирани наменски пакети за потрошувачите, сè со цел да ги доближиме што е можно повеќе до нашите производи и услуги и да придонесеме за подобро функционирање на потрошувачите со секој купен производ. Сметаме дека онлајн-купувањето ќе расте уште повеќе и дека тоа ќе биде иднината на малопродажбата на апарати за домаќинство – вели Котеска Дончовска.

Успешното приспособување на новата нормалност е карактеристика и на преостанатите компании кои се дел од „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот.

Меѓу нив е и „Скопје ист гејт“, компанија која работи на изградба на мултифункционален комплекс во Скопје, како и повеќе трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како Green Coast Resort и Vala Mar Residences, Тирана банк, чие купување лани Балфин го комплетираше заедно со Комерцијална банка АД Скопје, потоа компании од модната и рударската индустрија и од сферата на малопродажбата како „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други.

Во зацртаните цели на „Балфин“ не е само да го проширува бизнис-портфолиото туку и подобрување на животот на заедницата, нејзин развој, заштита на животната средина и, секако, грижа за вработените.

Под капата на компаниите што се дел од групацијата „Балфин“ се речиси 6.000 вработени во Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија и грижата за нив е на прво место.

neptun-makedonija-grizhata-za-zdravjeto-na-vrabotenite-znachi-grizha-za-javnoto-zdravje-06.jpg

Би можело да ве интересира:

„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Денес се слават светите Кузман и Дамјан, заштитници на лекарите - Што не треба да правите на овој де... Светите браќа целиот свој живот го посветиле на лекување на луѓето, а не барале ...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg