Лондон, сега во Скопје! Почувствувај го духот на лондонското образование. Студирај во Скопје, стекни се со британска диплома

Одлична можност за идните студенти. Конечно, младите и амбициозни личности ја имаат привилегијата студирајќи во Скопје да бидат дел од семејството на престижниот британски универзитет London Metropolitan University (MET).

london-sega-vo-skopje-pochuvstvuvaj-go-duhot-na-londonskoto-obrazovanie-studiraj-vo-skopje-stekni-se-so-britanska-diploma-01.jpg

London Metropolitan University (MET) е реномирана образовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент ширум светот.

Студентите ќе учат и ќе стекнуваат вештини под менторство на врвни британски професори, а во текот на студирањето ќе имаат можност да бидат дел од реномирани компании кадешто ќе ги согледат процесите кои се одвиваат во вистинска работна средина и ќе се стекнат со практично искуство. 

MET ги следи светските трендови и им нуди на студентите најсовремени услови на студирање. Овозможува техничка поддршка и пристап до онлајн библиотека, каде студентите ќе најдат соодветни ресурси за учење: научна литература, публикации, прирачници, аудио и видео материјали.

„Со особена радост и гордост најавуваме дека идните студенти отсега и преку студирање во Скопје ќе ја имаат привилегијата да бидат дел од реномираниот London Metropolitan University.

Среќни сме, а и горди што ќе им понудиме можност на сите амбициозни личности да студираат по најсовремени стандарди, да го почуствуваат духот на лондонското образование и да се стекнат со врвно знаење и експертиза. Искуството и знаењето кое ќе го стекнат, ќе ги направи висококомпетативни на пазарот на труд, а британската диплома која ќе ја стекнат од додипломски и постдипломски студии на крајот од нивното студирање ќе им го олесни патот кон градењето на кариерата од соништата“. – изјави Wendy Bloisi, одговорна за академски партнерства на MET.

Бидете дел од успешната приказна на MET. Бидете дел од образовен процес, формулиран по британски терк, кој освен класичното образование, вклучува активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување.

Главен акцент се става на стекнување на практични вештини, кои по завршувањето на студиите ќе ги зајакнат вашите компетенции на пазарот на трудот.

Како студент на додипломски и мастер студии на MET ќе се стекнете со врвно знаење и експертиза, а крајот на студиите ќе биде крунисан со престижна британска диплома која е висковреднувана низ целиот свет. Како дел од MET, пред вас ќе се отворат нови хоризонти и можнoсти кои несомнено ќе ја направат вашата иднина поблескава.

london-sega-vo-skopje-pochuvstvuvaj-go-duhot-na-londonskoto-obrazovanie-studiraj-vo-skopje-stekni-se-so-britanska-diploma-02.jpg

За повеќе информации околу начинот и условите за студирање посетете ја веб страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk, следете ја нивната Facebook страна, или јавете се на телефон 023140004.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Британски турист се вљуби во Македонија и сакаше да плови по Вардар, но заглави во купишта отпадоци:... „Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Утре ќе се обидеме по...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава