Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Преку кампањата „На наша сметка“ до ваучер од 500 денари за локалите клиенти на банката

halkbank-so-investicija-nad-25000-evra-za-poddrshka-na-ugostitelskiot-sektor-01.jpg

Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата, Халкбанк продолжува со уште една кампања наречена „На наша сметка“ преку која дава директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата.

Преку оваа кампања, која инаку ќе трае сѐ до 30 септември, сите нови или постоечки клиенти физички лица на Халкбанк, доколку станат корисник на некој од продуктите на банката, како: нов кредит, нов депозит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, нова Mastercard кредитна картичка или пак трансакциска сметка со плата во Халкбанк, ќе добијат Mastercard дебитна картичка и вредносен ваучер од 500 денари кој ќе може да го искористат во еден од локалите кои се клиенти на филијалата од каде го подигнале ваучерот.

Филијалите, всушност, имаат обврска на секој нов или постоечки клиент кој ќе земе нов продукт во дадениот временски интервал, да му дадат вредносен ваучер од еден од локалите кои се на неговата листа. На овој начин, банката дава директна поддршка на локалните бизниси, на своите клиенти, но и на филијалите со кои тие работат.

„Малите бизниси се од големо значење за економијата, и кога тие страдаат, страда целата нашата држава. Во Халкбанк ја согледуваме и прифаќаме обврската да бидеме едни од поддржувачите на овие значајни деловни субјекти во кои е вклучен значаен број на работна сила и кои чинат значаен столб на нашата економија.

Особено во време на пандемија, кога голем дел од нив беа принудени да ги затворат своите врати и директно сѐ уште ги трпат економските последици од здравствената криза, ние преку повеќе иницијативи и кампањи се трудевме да им помогнеме, со цел полесно и побргу повторно да го заживеат својот бизнис. Овој пат, со здружени сили со Mastercard, преку кампањата ‘На наша сметка’ даваме и поконкретна и позначителна помош на нашите локални клиенти, со инвестиција вредна повеќе од 25.000 евра.

Искрено се надеваме дека со овој гест барем малку ќе успееме да придонесеме за зајакнување на нашиот угостителски сектор и ќе инспирираме дополнителна поддршка и од други“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Кампањата почнува од 4 август, а сите заинтересирани нови или постоечки клиенти на Халкбанк, за добивање на вредносниот ваучер може подетално да се информираат во својата локална филијала.

halkbank-so-investicija-nad-25000-evra-za-poddrshka-na-ugostitelskiot-sektor-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава