Balance – житни барови на Винчини: Иновативните и здрави производи се новиот тренд во прехрамбената индустрија

Прехранбената индустрија се наоѓа среде мала, но значајна револуција предизвикана од неколку фактори.

balance-zhitni-barovi-na-vinchini-inovativnite-i-zdravi-proizvodi-se-noviot-trend-01.jpg

Во скоро сите сегменти се менуваат начините на производство, понудата, па дури и состојките, согласно со барањата на пазарот. И понатаму, најголемиот тренд во секоја индустрија се иновациите, а префинетите и изострени вкусови на потрошувачите ги диктираат истите.Во последно време се забележува се’ поголема побарувачка за здрава храна која се консумира брзо и лесно, што е и очекувано, со оглед на зафатениот живот кој го води голем дел од популацијата.

Дури и пред овие тешки неколку месеци поминати во неизвесност поради пандемијата која го погоди целиот свет, преференците на потрошувачите се’ повеќе се фокусираа кон здрава храна, практичност, превентивна грижа за здравјето и најмногу од се’ – квалитет. Поради модерниот стил на живот на потрошувачите, од прехрамбените производи се бара тие да се квалитетни, здрави и по можност спакувани и подготвени за една (и брза) употреба, што одредени компании го препознаа како можност за диверзификација на производното портфолио.

balance-zhitni-barovi-na-vinchini-inovativnite-i-zdravi-proizvodi-se-noviot-trend-03.jpg

Таков е примерот со Макпрогрес Виница, која како веќе докажан локален предводник во прехрамбената и кондиторската индустрија, направи одлучен чекор кон доближување на нивната понуда до потребите и барањата на потрошувачите. Од неодамна, понудата на нивниот бренд Vincinni е зголемена со житните барови Balance, кои претставуваат здрава и слатка алтернатива погодна за консумирање како мал оброк, ужина меѓу оброци или како вкусен десерт.Сопрактично пакување дозволуваат да бидат со вас секогаш и секаде – пикнати во џебот или во чантата, подготвени да му дадат нова доза енергија на вашето тело.

Balance житните барови се произведени од интегрален овес, пченка и ориз, а засега на пазарот се достапни во три вкуса: интегрални колачи со крем, чоколадо и сушено црвено овошје. Технологијата за нивно производство е развиена од тимот технолози на „Макпрогрес“, а оваа инвестиција отвори можност за нови 15 работни места, покрај кои се најавени уште 30 во следниот период.

balance-zhitni-barovi-na-vinchini-inovativnite-i-zdravi-proizvodi-se-noviot-trend-02.jpg

Кога се работи за храна, компромис не доаѓа предвид бидејќи тоа директно влијае на вашето здравје, расположение и ниво на енергија. Купувањето на производи од проверени и докажани компании секогаш треба да биде приоритет, а одбирањето на производи направени од здрави и квалитетни состојки е главен фактор во одлуката за купување.

Би можело да ве интересира:

Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...
Наим од „Преспав“: „Се разведов од сопругата поради пороци - денес сме пак заедно, ни се роди син пр... „Искрено кажано, јас сум бил говедо, не сум знаел да ја почитувам. Башка, 9...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...
Македонка со апел: „Не одете периодов во Солун, ни рекоа нема блокади на граница, а едвај поминавме“ „Инаку пред да тргнеме за Солун прашавме и ни кажаа дека ќе нема ограничување на...
Ребека и сопругот се повредија, по една рака им е во лонгета: „Што ти се вика љубов“ „Да видите како миеме садови. Тој држи, јас со десна мијам. Мајка ми да ни е жив...
Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во б... „Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаун...

Најчитани неделава