Престиж во академскиот свет - Лондон Метрополитен Универзитет

Во светски размери студирањето или едукацијата во Британија е на едно врвно, највисоко ниво. Престижот да се биде дипломиран студент од некој британски универзитет е основна карактеристика на амбициозни луѓе, кои знаат што значи да се има квалитетно бразование.

prestizh-vo-akademskiot-svet-london-metropoliten-univerzitet-01.jpg

Еден од таквите универзитети во Британија е и Лондон Метрополитен Универзитетот кој е основан во 1848 година. Овој престижен универзитет е основан како Северен Политехнички Институт, со мисија да им помогне на идните студенти во стекнувањето на работните вештини, со кои во иднина ќе дадат свој придонес во заедницата.

Голем број на локални бизнисмени и богати личности ја увиделе важноста од постоење на ваков институт, и инвестирале средства за изградба и развој на истиот. Оваа инвестиција им се вратила повеќекратно. Несомнено, преку стекнатото знаење и експертиза студентите дале огромен придонес во развојот и унапредувањето на заедницата и на нивните бизниси.

Водејќи се од истата идеја, да се произведе висококвалификуван кадар кој после завршувањето на студиите ќе биде целосно спремен директно да оди на работа, институцијата од институт прераснува во најголемиот универзитет во Британија, нудејќи широк опсег на студиски програми.

prestizh-vo-akademskiot-svet-london-metropoliten-univerzitet-02.jpg

Денес, Лондон МЕТ е една од најреномираните образовни институции во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и квалитетот на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на многу студенти ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини.

На овој универзитет досега завршиле голем број на истакнати и видни личности од светот на уметноста, светот на бизнисот и економијата, светот на политиката, како што е на пример градоначалникот на Лондон г. Садик Кан но и многу други видни личности.

Дипломата стекната на Лондон MET е високовреднувана и признаена ширум светот. За тоа сведочат и огромниот број студенти кои по завршувањето на студиите станале дел од реномирани светски компании.

Од неодамна, а во соработка со Скопје Метрополитен Колеџ, Лондон Мет одлучи да им даде можност на македонските студенти да бидат дел од големото семејство на Лондон Мет и и да се стекнат со британска државна диплома за високо образование.

prestizh-vo-akademskiot-svet-london-metropoliten-univerzitet-03.jpg

Сите вие кои сакате да студирате на некој реномирани светски универзитети, сега можете да бидете дел од првата генерација македонски студенти на Лондон МЕТ.

Бидете дел од успешната приказна на многу студенти ширум светот. За повеќе информации посетете ја веб страната www.skopjemetropolitan.edu.mk или јавете се на телефон +38923140004

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Денес се слави Митровден – Денот што предвидува каква ќе биде зимата Ако на Митровден падне снег, тој ќе се задржи сѐ до април. Кои народни верувања ...
Денес се слави Свети Климент Охридски – Бил рамен на апостолите, го описменувал народот Именден слават Климент, Климе, Климентина... Кој бил големиот македонски светец,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg