Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Технологијата и квалитетот рака под рака: Лондон Мет и предизвиците на модерното образование

Зголемениот проток на информациите, брзото застарување на знаењето, исто како и акцелерацијата на модерните општетства поставија високи очекувања кај вработените. За таа цел постојаното унапредување на знаењето стана императив.

tehnologijata-i-kvalitetot-raka-pod-raka-london-met-i-predizvicite-na-modernoto-obrazovanie-01.jpg

Тоа е една од причините зошто далечинското учење стана толку популарно во светот. Самиот термин може да се дефинира како “планирано предавање и учење на начин на кој предавањето се одвива на различно место од учењето, претпоставува комуникација преку различни технологии и специјална институциска организација”. Во својата релативно кратка историја далечинското учење создаде негативни ставови кај дел од професорската струка најповеќе поради отпорот кон присвојување на новата технологија во процесот на образованието. Факт е дека за подготовката на час преку далечинско учење е потребно многу повеќе време отколку за регуларен час со физичко присуство. Од друга страна, самата мотивација и ангажман на студентите за време на предавањата исто така претставуваат дополнителен предизвик за професорите.

Во досега најобемната студија за ефектите на ваквиот облик на студирање под наслов Подготовка за дигитален универзитет: студија за историјата и сегашната состојба на далечинското и блендираното учење од 2015, група на реномирани автори даваат сеопфатна анализа на односот помеѓу класичното и далечинското учење и нивниот хибрид, наречен блендирано учење.

tehnologijata-i-kvalitetot-raka-pod-raka-london-met-i-predizvicite-na-modernoto-obrazovanie-2.jpg

Според студијата, воведувањето на далечинското учење бара развивање на прецизно дизајнирани студиски програми кои ќе содржат интеракциски конципирана содржина, ќе развиваат структурна соработка помеѓу студентите и професорите, ќе промовираат континуиран мониторинг на прогресот на студентите и ќе овозможат програмска и временска флексибилност со цел студентите секогаш да бидат во чекор со предавањата.

Базирано на многу резултати и мета-анализи студијата заклучува дека далечинското образование е поефективно, или е барем исто така ефективно како и предавањето во училница. Тие нагласуваат дека за да процесот биде до крај задоволувачки потребно е да бидат запазени следниве критериуми:

  • Слушателите треба да поседуваат висока дигитална писменост, да бидат ефикасни без подршка од страна и да бидат силно мотивирани
  • Професорите треба да имаат позитивен став кон технологијата и да научат како да ја планираат интеракцијата на часовите
  • Содржината на предавањата треба да биде прилагодена на студентските потреби и да биде конципирана на одржлив начин со цел да се запази квалитетот на предавањето и учењето
  • Дизајнот на студиските програми треба да овозможи организирана интеракција на студентите поделени во мали групи исто како и разноликост во методологијата на оценувањето
  • Со присвојување на модерна технолошка инфраструктура институциите треба да ги координираат активности и подршката на академскиот персонал
  • Конечно, во доменот на политиките и законодавството ,неопходна е подршката од страна на државата

Што се однесува до концептот на блендирано учење заклучокот на авторите е дека тоа учење во пракса има покажано најдобри резултати бидејќи претставува синергија на класичните педагошки методи и на модерниот технолошки пристап кон учењето.

tehnologijata-i-kvalitetot-raka-pod-raka-london-met-i-predizvicite-na-modernoto-obrazovanie-03.jpg

Поради сите овие причини а воден од својата мисија на студентите да им пружи врвно знаење и експертиза, а ставајќи ја безбедноста и здравјето на студентите пред сè, менаџментот на Мет одлучи оваа година наставата да се одржи како блендирано учење односно во комбинација на далечинско учење и учење со физичко присуство. За таа цел Мет им овозможува на студентите техничка поддршка и пристап до онлајн библиотеката кадешто студентите ќе најдат соодветни ресурси за учење: научна литература, публикации, прирачници, аудио и видео материјали.

Сега и вие имате можност да бидете дел од големото семејство на Лондон Мет. Можност од удобноста на својот дом да следите врвна настава, скроена по британски терк, да студирате под менторство на реномирани британски професори и да се стекнете со британска диплома.

Направете го вистинскиот избор, студирајте на Лондон Мет.

За повеќе информации околу начинот и условите за студирање посетете јавеб страницата www.skopjemetropolitan.edu.mk, следете ја нивната Facebook страна, или јавете се на телефон 023140004.

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Димитар Атанасовски по 15 години си замина од Сити радио: „Секоја приказна има крај“ „Скоро цел ден правам пиши бриши на описов, ама многу емоции собрани во 15 годин...
Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години „Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg