Ирина се искачи на Кањонот Матка во долга тоалета, боса и без опрема: моќта на жените (видео)

Младата планинарка Ирина Дишовска, во црвен долг фустан го искачи Кањонот Матка, без никаква опрема. На нејзиниот Фејсбук профил таа објаснува дека сакала на симболичен начин да ја покаже моќта на жените.

irina-se-iskaci-na-kanjonot-matka-vo-dolga-toaleta-bosa-i-bez-oprema-mokjta-na-zenite-01.jpg

„Овој пат сакам да се заблагодарам на сите кои ми дадовте поддршка, и кои што на ваков или онаков начин го разбраа мојот перформанс. За оние неупатените, сакам да кажам дека ова е уметнички перформанс со кој што сакам да ја прикажам женственоста, а воедно и моќта на жената во едно кратко видео. 

И на крај, за критичарите, и оние кои упатуваат навреди, сепак едно кратко образложение. Мојата физичка и ментална форма се беспрекорни во моментов. Оние кои имале шанса да качуваат со мене, ќе го потврдат истото. Зад овој (како што го нарекувате луд) подвиг, стои години тренинг и искуство. И не, не мислам дека со ова ќе ги мотивирам его триповите да се качат на истово боси, или во костим како мене.

Напротив, мислам дека со ова ќе МОТИВИРАМ И ИНСПИРИРАМ што повеќе жени и мажи да не се откажуваат од своите замислени цели. И клучот е наједноставен. Тренинг, и само тренинг. Останатото е историја… #peace #womanpower“- напиша таа на својот

/" target="_blank" rel="noopener noreferrer">Фејсбук профил.

Погледнете го целото видео од искачувањето:

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ирина вљубено го гледа Павле Камилоски, Елена Стојановска пред новата црква во Скопје: Што прават ма... Aлександар Митевски прослави 25 години брак, позираше со сопругата и ќерките Ања...
Нашиот BadStef му направи фотки на италијанскиот заводник Симоне Сузина на Миконос: „Флертува со жен... „Со Симон се запознав на плажа на Миконос пред 2 дена. Неговиот менаџер сакаше д...
Гоце Тодоровски по 50 години брак: „Сакав жени, а и жените ме сакаа - само молев Бога сопругата да н... „Јас не изневерував. Јас едноставно бев со жени, се дружевме, не го сметав тоа з...
Ирина и Павле Камилоски на одмор со децата, Марио од 2Бона доби изненадување од сопругата: Што права... Бока Конга се релаксира покрај базен во својот раскошен дом во Скопје, Каролина ...
Ирина Камилоска за искуството со 2 деца помали од 2 години: „Има тешки денови, но вреди секоја капка... „Многу е важно да го учите големото дете дека дома ќе дојде дадичка или бато. Чи...

Најчитани неделава