Лара Иванова е новото име кое влезе во семејството на „Промостејџ“

Младата и талентирана Лара Иванова е свежиот бран на македонската музичка сцена, а со тоа и официјално влезе во семејството на ПР агенцијата „Промостејџ“.

lara-ivanova-e-novoto-ime-koe-vleze-vo-semejstvoto-na-promostejdzh-01.jpg

Има 16 години и веќе од свои 6 години се занимава со музика. Својот прв настап го има во 2010-та година на детскиот музички фестивал „Супер Ѕвезда“ со песната „Фабрика за насмевки“ на композиторот и музички продуцент Александар Масевски. Освен што е талентирана за пеење, Лара го негува и талентот кон балетот. Имено, во 2014-та година го зеде првото место во натпреварот “Skopje Open” во категоријата модерен балет, за подоцна истата година да го земе третото место на меѓународниот натпревар во Софија, Бугарија во категоријата класичен балет.

Од 2010 до 2019 година зеде учество во балетските претстави на МОБ за „Оревокршачка“ и „Петар Пан“.

lara-ivanova-e-novoto-ime-koe-vleze-vo-semejstvoto-na-promostejdzh-02.jpg

Својот прв настап на еден од најпознатите и најреномирани фестивали во Македонија - „Макфест“ се случи во 2019 година каде настапи со песната „Кој те учи така“ на композиторот и музички продуцент Иле Спасев со награда за најдобар аранжман.

Истата година, свој настап имаше и во Филхармонија со првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“, во улогата на Grace Farrell.

lara-ivanova-e-novoto-ime-koe-vleze-vo-semejstvoto-na-promostejdzh-03.jpg

Имено, Лара Иванова може да ја забележите и како статист во видео записот на Ламбе Алабаковски за песната „Биди пријател наш“, како и во во видео записот „Под ова знаме“ на група македонски пејачи.

Слушнете како звучи Лара Иванова:

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во... „Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, ...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Каде е и што прави денес Трајче Ѓоргиев од „Пинкови ѕвездички“: „И 10 години по шоуто, ме препознава... Едни од најубавите спомени поврзани со шоуто ми се оние кога по моите настапи, ж...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...

Најчитани неделава