Авицена лабораторија отвора нов посебен простор за тестирање за ковид-19

Петок, 18 септември 2020 г. Скопје. „Авицена лабораторија“ стави во функција комплетно нов, посебен простор за земање примероци за тест за ковид-19, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-01.jpg

Овој простор за прием на пациенти и земање примероци за тест за ковид-19 е целосно физички одвоен од постојниот влез на лабораторијата и од постојната чекалница.

Истовремено, трикратно се зголемува и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво, бидејќи лабораторијата е во фаза на инсталација на дополнителна високософистицирана опрема за целосна автоматска изработка на Real-time PCR тестови. На овој начин ќе се намали и времето за закажување тестирање и за добивање резултат.

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-02.jpg

Сите редовни пациенти ќе се примаат преку ВЛЕЗ 1 – досегашниот постоен влез на лабораторијата. Просторот за прием и чекалницата се реновирани и повторно преуредени за сите клиенти и пациенти, за сите видови лабораториски услуги и во овој дел нема да се врши прием на пациенти за тест за ковид-19.

Приемот на пациенти за тест за ковид-19 ќе се одвива во новиот одвоен дел преку ВЛЕЗ 2, кој се наоѓа веднаш до влезот на хотелот „ТЦЦ Гранд Плаза“, ориентиран кон бул. „8 Септември“.

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-03.jpg

Закажувањето за тест за ковид-19 се врши на тел. 071/278-529 или 078/218-731.

Како приватна здравствена установа, „Авицена лабораторија“ уште од самиот почеток презема одговорност пред граѓаните и општеството, и активно се вклучи во борбата против оваа пандемија. Тимот на „Авицена лабораторија“ се обврза активно да ги стави на располагање сите ресурси, искуство и знаење, со цел подобро справување со ситуацијата и постојана достапност за потребите на клиентите, во насока на подобрување на здравствените услуги за сите граѓани

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-04.jpg

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-05.jpg

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-06.jpg

avicena-laboratorija-otvora-nov-poseben-prostor-za-testiranje-za-kovid-19-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава