Охридска банка врши замена на сите платежни картички со ново лого

Процесот на замена на платежните картички ќе трае до 30 септември 2020 година 22 септември, 2020 година

ohridska-banka-vrshi-zamena-na-site-platezhni-kartichki-so-novo-logo-01.jpg

Охридска банка АД Скопје врши интензивна замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Во овој процес кој ќе трае до 30 Септември 2020 година, Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе.

На клиентите им се испраќаат известувања преку повеќе различни канали за комуникација, како писмо на домашна адреса, смс порака или вибер порака, електронска порака на меил и сл., дека можат да ја подигнат својата нова дебитна, или кредитна картичка во својата матична експозитура. Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана.

Новите картички се подготвени за употреба веднаш, односно без дополнителни барања за активација на картичката што на корисниците ќе им овозможи непречен пристап до своите средства за подигнување готовина и домашни и меѓународни електронски плаќања. Клиентите на Охридска банка кои имаат дебитни картички може да подигнуваат готовина без провизија на повеќе од 120 банкомати на Охридска банка и на Шпаркасе Банка Македонија, двете како дел од Штаермеркише Шпаркасе групацијата.

Сите нови дебитни и кредитни картички издадени од Охридска банка освен ново лого, се одликуваат и со можност за бесконтактни плаќања во трговија за износи до 2.000 денари.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната стара картичка, по добиеното известување од страна на Банката во најбрз временски период, најдоцна до 30 Септември 2020, да ги подигнат своите нови платежни картички. Доколку клиентите не ги подигнат картичките, Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури.

За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава