Зошто е важно да се штеди во време на пандемија и каква улога играат онлајн депозитите во нашето секојдневие

Животот честопати не оди како што планираме. Рецесија, губење работа, болест што може да нѐ снајде лично нас или некој од семејството, поправка на автомобил или некој поскап уред…

zoshto-e-vazhno-da-se-shtedi-vo-vreme-na-pandemija-i-kakva-uloga-igraat-onlajn-depozitite-vo-nasheto-sekojdnevie-01.jpg

Дури и со, да речеме банални ситуации, како губење паричник или мобилен телефон, домашните финансии ќе претрпат тежок удар. Ова се итни случаи кога е добро да имаме пари на страна. Деновиве сме сведоци на ситуација на која не можеме да влијаеме - кризата предизвикана од Ковид-19 која најдобро покажа колку е важно да се има заштеда.

Токму можеби сегашната ситуација нѐ освести дека треба да почнеме да штедиме. Изговор да почне да се штеди секако не треба да бидат ниту сегашните заштитни рестриктивни мерки со кои не се препорачува одење по филијали и шалтери на банките, затоа што тука денес е електронското банкарство. Пандемијата овозможи да се насочиме кон електронските услуги кои ни овозможуваат големо олеснување при набавка на намирници или други производи за домаќинство, но и „штитат“ да не лутаме и да не завршуваме со премногу производи или непотребни количини на истите. На овој начин, исто така, едноставно и брзо ги завршуваме и сите банкарски работи, без губење време и опасност од загрозување на своето и здравјето на другите.

Пред да препуштиме дел од контролата врз своите средства на одредена банка, треба да сме сигурни дека таа е одговорен и сигурен партнер, докажана институција која се грижи за клиентите и нуди модели на штедење прилагодени на нашите потреби и ритам на живот. Во ова време токму таков идеален производ со кој можеме да почнеме да штедиме од својот дом, е Онлајн депозитот на Халкбанк.

Халкбанк е лидер во воведувањето нови технологии и дигитализација на финансиските услуги во земјава. Следејќи ги тековните потреби на своите клиенти, банката го креираше производот Онлајн депозит како најсовремен начин за орочување на сопствените средства, кој се покажа идеален и сега поради настанатата состојба со пандемијата од Ковид-19 и посебните мерки на претпазливост.

Овој октомври, во месецот на штедење, Халкбанк потсетува на важноста од навиките за штедење и дава предност на иновативниот производ, Онлајн депозит, кој овозможува едноставно и лесно да почнеме со штедење. Производот е наменет за физички лица, корисници на електронското банкарство на Халкбанк и со него клиентите се безбедни бидејќи немаат потреба од посета на филијали и потпишување и печатење Договори за депозит, а истовремено заштедуваат време со тоа што целата процедура може да ја завршат со само неколку клика. Може да се штеди во денари или во евра, при што минималниот износ на вложување е 3.000 денари, односно 50 евра.

Со поедноставување на процедурите и нивната дигитализација, потенцирајќи ја важноста да бидеме здрави и да се чувствуваме безбедно, Халкбанк овозможува лесен начин за штедење, со повеќе слободно време кое може да го вложиме во вистински важните работи во животот и спокојни денови со семејството.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Мартин (36) од Скопје: „Роднина на улица ме праша дали сум се средил - Не, не се оженив и немам деца... „Како си ти, се среди ли?“ - Ова беше прашањето што го добив завчера од еден чов...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава