Официјално започнаа студиите на Лондон Метрополитан Универзитетот

Од денес и официјално стартуваа со настава сите три студиски групи по заедничката програма на Скопје Метрополитан Колеџ и Лондон Метрополитан Универзитетот од Велика Британија.

oficijalno-zapochnaa-studiite-na-london-metropolitan-univerzitetot-01.jpg

Ова претставува историски момент за македонското образование бидејќи по прв пат на локалниот образовен пазар се вклучува институција од најстариот и најценетиот во светски рамки образовен систем.

„Скопје Метрополитан Колеџ уште еднаш покажа дека е водечка високообразовна институција во земјава во однос на соработката со слични институции ширум светот. Од самото свое основање во 2003 година, колеџот започна со соработки со колеџи и универзитети од Велика Британија, САД, Азија и Европа. Сепак партнерството со Лондон Метрополитан е најголемо достигнување на колеџот и круна на напорите на менаџментот да воспостави соработка со најквалитетното образование на светот. Сопственик на Лондон Мет е британската држава, кое гарантира имплементација на најригорозен систем на контрола на квалитетот на предавањето, оценувањето и поддршката на студентите за време на студиите. Секој кој е студент на Лондон Мет станува дел од елитниот клуб на успешни луѓе кои ја имаат поминато истата обука, а кои се сега водечки во својата професија. Доволно е да го спомнам Садик Кан, кој е сегашен градоначачалник на Лондон и кој по сите предвидувања ќе стане идниот премиер на Велика Британија. Неговиот пат кон успехот започна баш со студирање на Лондон Мет, факт кој тој во секоја прилика не пропушта да го истакне. Ние како Скопје Метрополитан Колеџ ја донесовме повеќевековната традиција во интерес на нашите студенти. За нас тоа е како да сме ја, со фудбалски речник, освоиле Лигата на шампиони. Ние го направивме нашето. Во струката која ја водам повеќе од ова не може да се постигне. На македонскиот образовен пазар му останува да ја осознае важноста на едно вакво партнерство и да ја утилизира оваа можност за која сонуваа генерации и генерации на поранешни студенти”. - изјави деканот на Скопје Метрополитан Колеџ Љубиша Петрушевски.

Од страна на Лондон Метрополитан Универзитетот поздравна порака упати и Др. Рон Кембриџ.

„Студентите кои ќе студираат на Лондон Мет ќе станат дел од една динамична зедница на инспиративни и детерминирани студенти, академци и иновативни мислители. Нашите програми се подржани од професори експерти и индустриски консултанти и истражувачи. За квалитетот на нашите студии зборува и фактот дека според најновите истражувања дури 96,7% од нашите дипломирани студенти наоѓаат работа во период од 6 месеци. Сакам на сите идни студенти на Скопје Метрополитан Колеџи Лондон Мет да им посакам топло добредојде и успех во нивните студии. Се надевам дека во иднина ќе имам прилика да се сретнам лично со сите нив во Лондон.”

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава