„Отворена Порта“: Досега се имаат јавено повеќе од 6 илјади лица на СОС линијата за помош од трговија со луѓе

(Скопје, 20.10.2020) Невладината органицазија „Отворена Порта“ одбележува 20 години од своето основање и активно делување во борбата против трговија со луѓе.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-01.jpg

По тој повод здружението во текот на вчерашниот ден организираше јавен настан (live stream на официјалната Фејсбук страна „Отворена Порта“) на тема „20 години против трговија со луѓе“ каде граѓаните можеа да ја увидат работата на институциите од изминативе 20 години, да се запознаат со политиките за подобро идентификување и заштита на жртвите, но и со алатките за навремено откривање на ранливоста и едуцирање на пошироката јавност околу оваа проблематика.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-02.jpg

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-03.jpg

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-04.jpg

Отворена порта ја оперира првата и единствената бесплатна СОСлинија , која што започна со работа во далечната 2002 година. Досега се јавиле повеќе од 6 илјади граѓани. Се имаат јавено жртви, загрижени граѓани, професионалци, како и луѓе кои едноставно побарале информација за да донесат одлука во однос на вработување, на патување итн.“, открива Јасмина Димишковска Рајковска, основачка и извршна директорка на „Отворена Порта – Ла Страда“.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-05.jpg

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-06.jpg

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-07.jpg

„Отворена Порта“ во периодот помеѓу 2014 до 2019 година обезбедуваше помош и поддршка на бегалци и мигранти кои транзитираа долж балканската рута.

,,Низ земјава поминуваа млади лица, жени, деца, повозрасни, болни и изнемоштени, со што помеѓу нив имаше и жртви на трговија со луѓе или лица Ово ризик да бидат жртви на трговија со луѓе, потенцијални, претпоставени кои требаше да се идентификуваат што навистина беше предизвик во една таква ситуација, на толкава бројка на луѓе кои многу кратко се задржуваа во нашата земја“, вели Рајковска.

Искуството од досегашната работа на „Отворена Порта“ покажува дека официјалната бројка на идентификувани случаи на трговија со луѓе не ја отсликува реалноста во нашата држава.

Огромен број од жртвите на трговија со луѓе немаат доволно храброст да го пријават случајот. Пред се поради постоење на страв, срам, но и недоверба. Оттука е многу важно да се вклучат повеќе чинители на идентификација, како трудовите инспектори, образовниот кадар, медицинските лица, но и јавноста се со цел навремено идентификување и упатување на жртвите до соодветниот систем на заштита и истовремено ефективен прогон на сторителите на ова кривично дело“, истакнува Марија Тодоровска, програмски директор во невладината организација „Отворена Порта – Ла страда“.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-08.jpg

Од Министерството за внатрешни работи сметаат дека е потребна едукација на сите полициски службеници, особено на оние кои сега се во делот на националната единица, а кои ја поминаа базичната и напредната обука, но потенцира дека едуцирањето треба да продолжи и понатаму каде нивната цел е да се прават обуки во смисла на конкретни ситуации, односно на вистински случаи.

Потребна е обука од најмала возраст во училиштата. Колку се поедуцирани младите за проблематиката или за опасностите кои ги демнат од овој вид на криминал, бенефитот е заемен. Од една страна, ќе имаме млади кои препознаваат опасност и можат да пријават, а од друга страна ќе имаме млади луѓе кои нема да се доведат до ситуација да станат жртви на трговија со луѓе“, изјави Маркудов Љупчо, началник на единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и помошник на раководителот на националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе.

Од 2005 г., во рамките на Отворена порта функционира првото и единствено прифатилиште, каде што на жртвите од трговијата со луѓе им се обезбедува директна помош и поддршка во надминувањето на тешкотиите со кои се соочиле, а од 2019 година, прифатилиштето е отворено и за жртвите од сексуално насилство. Досега Отворена порта асистирала 168 жртви.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-09.jpg

Според нив патот до закрепнување и реинтеграција на жртвите е долг и трнлив. Тие се соочуваат со многу пререперки при нивното реинтегрирање. Постои недостаток на услуги особено специјализирани Центри за прифат на деца и Центри и услуги за мажи жртви. За жртвите здравствените услуги не се во целост бесплатни, не добиваат бесплатна правна помош и обештетување, имаат ограничен пристап до обуки и можности за вработување и недостасуваат услуги на локално ниво.

Од Министерството за труд и социјална политика пак, велат дека во однос на понатамошното функционирање на целиот систем во насока на поуспешна реинтерграција на жртвите на трговија со луѓе треба да продолжат мобилните тимови да функционираат и да бидат мултиплицирани во други општини, но и да бидат поддржани од локалната самоуправа.

otvorena-porta-dosega-se-imaat-javeno-povekje-od-6-iljadi-lica-na-sos-linijata-za-pomosh-od-trgovija-so-lugje-10.jpg

Овие мобилни тимови работат секојдневно со најранливите граѓани, пред се тука се децата, лицата со социјални проблеми итн, токму затоа за нивно успешно реинтергрирање треба да се формираат фондови на локално ниво и истите тие да ги поддржат сите нивни потреби кои значат за нивно понатамошно реинтегрирање и да допринесат во заедницата каде што живеат. Проблемите со кои се соочуваат институциите на локално ниво, пред се центрите за социјална работа се во однос на недоволната соработка што ја имаат со другите системи, како што се училиштата, здравството итн.“, вели Светлана Цветковска, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

Од друга страна, Маркудов Љупчо вели дека мобилните тимови биле активни до декември минатата година. Она што тој смета е дека треба да се продолжи работата на мобилните тимови и дека мора да се изнајде начин да опстојуваат и без меѓународната парична помош.

Една од алатките за раната детекција на трговијата со луѓе преку многу спомнуваните и добрата пракса кај нас е со мобилните тимови, но исто така сметам дека се многу важни и социјалните медиуми, затоа што младите се особено присутни на социјалните мрежи и преку нив треба да се шират информациите. На тој начин ќе се шири мрежата, ќе се шират информациите и сите ќе знаат како да постапуваат и реагираат, така што и оваа емисија по повод 18. октомври, Европски ден за борба против трговија со луѓе е една од алатките за кои што верувам дека ќе придонесе кон первенцијата и секако, заштитата од трговија со луѓе“, завршува Светлана Цветковска, претставник од Министерството за труд и социјална политика.

Целата јавна панел дискусија можете да ја погледнете на официјалната Фејсбук страна - Отворена Портa

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...

Најчитани неделава