Сервали и Скарлет Ибис птици пристигнуваат во Скопје Зоо

Наскоро во Зоолошка градина Скопје ќе пристигнат сервали и црвени птици од видот Скарлет Ибис.

servali-i-skarlet-ibis-ptici-pristignuvaat-vo-skopje-zoo-01.jpg

Сервалите се африкански предатори од семејството мачки. Сервалот е еден од најголемите претставници од седумте видови на мали мачки, кои го населуваат континентот.

Сервалот претежно живее во Африка, во суб-сахарскиот дел на континентот со исклучок на тропските шуми. Бројот на сервалите за жал започна да се намалува, а како главна причина се наведува човекот. Модерните ДНК-анализи покажуваат дека сервалот има сродна врска со каракалот.

servali-i-skarlet-ibis-ptici-pristignuvaat-vo-skopje-zoo-03.jpg

Птиците од видот црвен Скарлет Ибис потекнуваат од егзотичните делови на Јужна Америка и Карибите и се национално обележје на Тринидад и Тобаго. Нивната специфична боја ги прави препознатливи, а во светот имаат статус на заштитен и загрозен вид.

servali-i-skarlet-ibis-ptici-pristignuvaat-vo-skopje-zoo-02.jpg

„Овие видови на животни се доста атрактивни за посетителите и мислам дека ќе биде интересно во Скопје да се видат сервали и Скарлет Ибис птици кои се заштитени видови. Секако, нивните живеалишта ќе бидат направени по стандарди и веќе ги подготвуваме“ - изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава