Битолска млекара и Пакомак донираат производи и лаптопи за децата од СОС Детско село за следење онлајн настава

(Битола, 22.10.2020) – Битолска млекара во соработка со Пакомак реализира донација во лаптоп компјутери и млечни производи за СОС Детско село.

bitolska-mlekara-i-pakomak-doniraat-proizvodi-i-laptopi-za-decata-od-sos-detsko-selo-za-sledenje-onlajn-nastava-01.jpg

Доставени се лаптопи за непречено вклучување на младинците згрижени во СОС Детско село во онлајн наставата како и млечни производи што ги покриваат месечните потреби на програмата за грижа за млади.

Донацијата од Битолска млекара во соработка со Пакомак има за цел да помогне за воспоставување на што поуспешно одвивање на образовниот процес на далечина и за децата згрижени во СОС Детско село и да влијае во подобрување на нивното секојдневие. Оваа активност се одвива како дел од општествената одговорност на компаниите и нивниот постојан активен однос во општеството.

Донираните лаптопи се опремени со потребните перформанси и соодветно барањата на образовната платформа за да може да се исполнат условите за учење на далечина и за квалитетно и непречено одвивање на наставата.

bitolska-mlekara-i-pakomak-doniraat-proizvodi-i-laptopi-za-decata-od-sos-detsko-selo-za-sledenje-onlajn-nastava-02.jpg

„Со компаниите Битолска млекара и Пакомак имаме навистина прекрасна долгогодишна соработка. Тие се наши искрени пријатели кои секогаш ни помагаат независно дали за тоа има повод или не. За нас е од голема важност што и сега во ова време на криза и вонредни околности нивната поддршка продолжува. Ова е навистина благороден начин да се покаже добра и континуирана општествена практика и искрено верувам дека сите заедно ќе успееме вистински да ја пренесеме пораката за грижа за заедницата во секој домен од нашето делување“, рече Јулијана Накова Гапо, Национален директор на СОС Детско село.

СОС Детско село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот и посветена на заштита и примена на детските права, ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ’’НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО“.

Би можело да ве интересира:

Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...

Најчитани неделава