Македонски Телеком со раст во интернет и ТВ сегментот и позитивен тренд на ИКТ услугите

Македонски Телеком во првите девет месеци од 2020 година бележи добри резултати и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата.

makedonski-telekom-so-rast-vo-internet-i-tv-segmentot-i-pozitiven-trend-na-ikt-uslugite-010.jpg

Продолжува трендот на раст на бројот на корисниците во сегментот на интернет и телевизија, а се забележува и нов позитивен тренд во ИКТ областа. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите девет месеци од 2020 година се стабилни, за 0,1 отсто помалку во споредба со претходната година и изнесуваат 7,927 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 5,2 отсто, во споредба со истиот период претходната година.

Продолжува трендот на раст во интернет и ТВ сегменот

Во првите девет месеци од 2020 година продолжува да расте бројот на корисници во интернет и ТВ сегментот. Базата на корисници со пристап до широкопојасен интернет е зголемена за 4,7 отсто, при што вкупниот број изнесува 209,8 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер на пазарот во ТВ сегментот, нудејќи ексклузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со зголемувањето на бројот на овие корисници за 5 отсто, во првите девет месеци од 2020 година Македoнски Телеком ја зацврстува својата водечка позиција со база од над 140 илјади корисници. Како резултат на овој раст се бележи зголемување на приходите oд интернет сегментот за 1,9 отсто и од ТВ сегментот за 7,1 отсто.

Нов позитивен тренд во областа на ИКТ услугите

Растечкиот тренд на користење на ИКТ и Cloud решенијата и услугите доведе до зголемување на приходите од системска интеграција и ИТ услуги за 42,3 отсто во споредба со истиот период минатата година. ИКТ услугите и решенијата што ги нуди Македонски Телеком, како и загарантираната сигурност на податоците и интернет заштитата, се предуслов за овој раст кој го позиционира Телеком како партнер за дигитализација на бизнисите.

Стабилна и квалитетна мрежа во услови на забрзана дигитализација

Изминативе девет месеци континуирано се инвестираше за зајакнување на капацитетот на мрежата, за да се задоволат зголемените дигитални потреби на приватните корисници и бизнисите. Македонски Телеком останува посветен на беспрекорно одржување на капацитетот на мрежата и интернет пристапот, за да обезбеди непречена комуникација.

Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...
Оштетени магистрални оптички кабли на Телеком на повеќе локации Ги известуваме корисниците дека утрово беа оштетени главни магистрални оптички к...
Жарко Димоски доби син и објави прва фотка, Слаткар и Сања Николиќ на прошетка во Солун: Што прават ... Актерот Жарко Димоски со сопругата Андреа доби син, па шеговито се пожали: „Еден...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...
Перо Антиќ се санка со синовите, Антониа Гиговска секси во црна тантела: Што прават македонските ѕве... Снегот на планините ги измами Македонците, па Викторија Лоба откри дека е на ски...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg