Анкета: Колку се променија вашите навики за транспорт во време на ковид пандемијата?

Дали јавниот превоз го заменивте со индивидуален превоз со автомобил, или пак, се одлучивте за велосипед и е-тротинет откако настана пандемијата, a колкумина не го сменија начинот на транспорт? НаТочак подготвија анкета со што ќе се добие попрецизна слика за промените на превозот - ќе ви одземе само неколку минутки.

anketa-kolku-se-promenija-vashite-naviki-za-transport-po-kovid-pandemijata-1.jpg

Неформалното здружение НаТочак постојано се залага за подобра велосипедска инфраструктура низ градот Скопје и ги поттикнува граѓаните што повеќе да го користат велосипедот како превозно средство.

Во продолжение ви ја пренесуваме идејата на неформалното здружение НаТочак кое во соработка со Здружение на граѓани Одржливи иницијативи изработи анкета, со цел да видат колку се променети навиките за транспорт и сообраќајот во време на пандемија, како и што може да се направи за да се зголеми користењето на велосипед како превозно средство:

Ковид пандемијата ги раздрма сите аспекти на нашето општество, во голема мера ни ги промени секојдневните навики, меѓу кои и оние како се движиме низ нашиот град.

Некои започнаа да работат од дома и помалку да се движат, некои го заменија јавниот превоз со велосипед или е-тротинет, некои го заменија споделениот превоз со автомобил со индивидуален превоз со автомобил.

Промените во навиките сигурно се случиле во повеќе насоки.

Како тие промени ќе влијаат на иднината на превозот по завршувањето на пандемијата, останува да видиме. Многу од европските и светските градови веќе размислуваат во таа насока.

Сметаме дека ќе биде корисно да ги документираме ставовите и искуствата од овој период за да можеме да бидеме поподготвени за иднината. 

Со анкетата на овој линк сакаме да добиеме попрецизна слика за промените на превозот општо, како и за ставовите во врска со возењето велосипед и потребите од менување на инфраструктурата, најмногу фокусирано на Скопје и Скопски регион.

Прашалникот е анонимен и одзема само неколку минути. Секој дополнителен одговор ќе ни значи.

Анкетата е изработена од неформалното здружение НаТочак во соработка со Здружение на граѓани Одржливи иницијативи.

Неодамна тие објавија неколку фотомонтажи во кои предлагаат решенија за одредени улици во Скопје, каде може да се спроведе соодветна велосипедска патека, а притоа сообраќајот на возила да се одвива непречено.

anketa-kolku-se-promenija-vashite-naviki-za-transport-po-kovid-pandemijata-02.jpg

anketa-kolku-se-promenija-vashite-naviki-za-transport-po-kovid-pandemijata-03.jpg

anketa-kolku-se-promenija-vashite-naviki-za-transport-po-kovid-pandemijata-04.jpg

фото: Фејсбук НаТочак / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Нема да доплаќате при прием на пратки од ТЕМУ - ДДВ е пресметано во цената 20 ноември 2025, Скопје- Министерството за финансии информира дека усвоените изм...
Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоб... „Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чука...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Горан, преживеаниот гитарист на ДНК: „Таа вечер имаше посебна енергија, како да чувствувавме дека е ... „Поминаа 6 месеци од ноќта која што на сите ни ги промени животите... Не требаше...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Катарина топлес на плажа, Каролина први фотки со сопругот - Ретро фотки од 2016-та се тренд на Инста... „Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ис...

Најчитани неделава