#СвежоКако пикник на планина со СКОПСКО Smooth

Време е за #СвежоКако ep. 2! Овојпат Smooth и No Man’s Land направија интересна пауза при откривање на убавините на Јабланица – со планински пикник и уживање на брегот на Подгоречкото Езеро, ледничко езеро опркужено со недопрена природа, совршено за есенско освежување.

svezhokako-piknik-na-planina-so-skopsko-smooth-01.jpg

Погледнете ја втората авантура од овој серијал и прочитајте што ве очекува ако решите да го посетите ова место:

Низ двете години на трагања по Македонија, научивме дека ни ветер, ни облаци, ни дожд може да ни биде изговор за нашите викенд бегства...зошто одењето на планина и воопшто во природа е барање и ново откривање на себеси, да дишеме и издишуваме додека го смируваме умот и додека телото не го измориме од стопувањето со животот околу нас и во нас.

Викендите се наши денови, денови за уживање.

Времето сметате дека тече бавно, зошто нема притисок, но нам часовите поминати во природа ни минуваат како миг. Таков беше и овој викенд, во кој бегството од градската врева и враќањето кон себеси и кон природата ги бистри мислите, а новите пространства ги одмораат очите.

Ве водиме на пикник на 2.000 м.н.в. на локација каде се наоѓа едно ледничко езеро кое е прилично длабоко, споредено со останатите глацијални бисери располани по нашите планини.

Се разбуди денот, светол и сончев, со најдобри намери во кои сметаме и на можни облаци на кои секогаш се радуваме. Есен е ... време кога се соочуваме со некој свет во кој резимираме што можевме, а што не во годината која отчукува.

Драгоцен некој ден...ден во кој ако небото ви прати сонце, го сметате за дар.

Ден за Подгоречко Езеро.

Најголемото ледничко езеро на убавицата Јабланица.

Воздухот е остар, природата најавува одмор после долгото лето. Време на поинаква нежност кога гледате како зелените бои умреле. Нѐ радува есента, а призорите кои ни ги подготви Јабланица на патот кон езерото, беа нестварно величествени.

Кој бил во Чиле и Атакама ќе каже, ова е некоја минијатурна верзија тука на Балканот, а кој бил на Исланд ќе каже, пејзажите се скоро исти.

А ние сме дома.

И кога зборуваме за дома, ја имаме комоцијата да подготвиме домашни сендвичи од свежи и омилени состојки, да си ја пронајдеме низ полиците пикник корпа во таа препознатлива црвена боја, да ставиме во неа и некоја лименка со СКОПСКО Smooth пиво, да си го пронајдеме кебенцето кое оставено чека во багажникот на автомобилот, да биде распослано на некоја ледина...и да уживаме во есенски пикник во пејзаж кој плени на многу начини.

Во таа бришана празнина, која не е празнина, во таа тишина, која не е тишина....размислувате дека доаѓате до точката во која откривате дека бучните места и класичните призори на седење на маса и консумирање на храна и пијалоци не се повеќе вашето време.

Тогаш откривате дека го најдовте клучот како можете времето да го забавите. Започнува Вашето време, време во кое несвесноста ја менувате со свесност дека темпото на животот преку природата и уживањето во мали залаци на храна и секогаш добрите голтки на СКОПСКО Smooth се како време кога школката се затвара, за бисерот во неа да се обнови и сочува.

Есен е....така и треба да биде.

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
Македонскиот рапер Таско стана татко – со сопругата му дадоа уникатно име на синот „Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, напиша Таско и откри дека станал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg