Врвни експерти од целиот свет ќе споделуваат знаење на третата годишна конференција за е-трговија

СКОПЈЕ, 13.11.2020: На 25-ти и 26-ти ноември, по трет пат традиционално, ќе се одржи годишната конференција за е-трговија, која оваа година, согласно препораките за заштита на здравјето на учесниците, ќе се организира комплетно онлајн, под мотото: „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!“.

vrvni-eksperti-od-celiot-svet-kje-spodeluvaat-znaenje-na-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-01.jpg

И оваа година, Конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски чинители во екосистемот на е-трговијата.

Конференцијата ќе изобилува со богата дводневна програма која се состои од повеќе од 30 домашни и странски експерти од 10 различни држави во светот, кои ќе го пренесат своето искуство и знаење преку клучни говори, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со интернет продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата. Конференцијата ќе биде збогатена и со забавни делови каде што ќе се доделуваат вредни награди за учесниците.

„Третата годишна конференција за е-трговија претставува уникатна прилика да се добијат совети за раст и развој на бизнисот и да се слушне од прва рака искуството од реномираните меѓународни и домашни експерти со користење на електронска трговија, како и да се дознаат начините за зголемување на онлајн безбедноста, збогатување на корисничкото искуство во периодот на глобалната пандемија и можностите кои ги нуди меѓуграничната е-трговија.” велат организаторите од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, АЕТМ.

vrvni-eksperti-od-celiot-svet-kje-spodeluvaat-znaenje-na-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija02.jpg

На конференцијата ќе говорат Проф. Јориј Абрахам кој е директор на европската Е-commerce foundation која ги обединува сите асоцијации за е-трговија во Европа, Барбара Сеса која е одговорна за дигитални производи за Европа во Мастеркард, Хауард Кингстон кој е истакнат ветеран и маркетинг експерт, Тобјорн Фредриксен кој го води одделот за анализа на ИКТ во Конференцијата на ООН за трговија и развој (УНКТАД) како и многу други истакнати странски и домашни говорници.

Дека Македонците се заинтересирани за да ги надоградат своите познавања од областа на интернет продажбата, говори фактот за големата продажба на билетите за конференцијата, кои во моментов се достапни со Bundle цена на официјалниот веб сајт.

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
Тајзи ја запроси саканата Ангела на Валентајн: „Две души, една иднина“ На Денот на вљубените, Тајзи ја запроси саканата, моделот Ангела Анчевска, а спо...
Симона Поповска (34) прослави 5 години брак, среќна покрај сопругот и двата сина: „Не споделувам мно... „Првата бременост не дека нешто ја криев, туку се погоди во екот на короната ког...

Најчитани неделава