Mozzart започна акција за донација на лаптопи во основни училишта – првите доделени во ООУ Невена Георгиева Дуња

Продолжуваат хуманитарните кампањи на компанија Mozzart, која овој пат започна акција за донација на лаптоп компјутери во основни училишта, а се наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

mozzart-zapochna-akcija-za-donacija-na-laptopi-vo-osnovni-uchilishta-prvite-dodeleni-vo-oou-nevena-georgieva-dunja-01.jpg

Од училиштето се заблагодарија на донацијата на компјутерите кои понатаму ќе бидат доделени на учениците. „Голема благодарност од мене и од вработените во ООУ Невена Георгиева Дуња до општествено одговорната компанија Mozzart за донираните 5 лаптоп компјутери кои ќе им бидат доделени на семејства чии деца посетуваат настава во Училиштето, а не се можност да набават компјутер за непречено да ја следат наставата. Се надевам дека нивниот пример ќе го следат и други компании кои ќе издвојат дел од своите финансии за да им помогнат на учениците. Ние вработените во училиштето уште еднаш се заблагодаруваме за прекрасниот гест.“ – изјави директорот на училиштето, Хари Стојаноски.

Од Mozzart велат дека недостигот на дигитални уреди за следење на онлајн наставата е пречка со која се соочуваат одреден број ученици во процесот на своето образование, па се надеваат дека со оваа акција ќе придонесат онаму каде што е најпотребно.

„Се надеваме дека образовниот систем и сите вклучени страни во едукативниот процес ќе ги надминат тешкотиите за време на овој тежок период, а учениците ќе продолжат непречено во градење на своето знаење и во овие вонредни услови. Уште од почетокот на пандемијата, компанија Mozzart постојано реализира бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ни ги носи. Ги донираме овие компјутери во надеж дека ќе помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период во основните училишта.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

На доделувањето на донацијата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода – Дарио Шимиќ и Васко Илијевски - претседателот на АСОМ, асоцијацијата во која членува Mozzart.

„​​Со голема радост сакаме да соопштиме дека општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“ од Кисела Вода, од компанијата Mozzart доби донација 5 преносни компјутери (лаптопи), кои ќе бидат доставени до учениците чии семејства не се во можност да си дозволат да потрошат средства за купување на истите. Благодарност до Mozzart во име на Општината и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.“ – изјави претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.

mozzart-zapochna-akcija-za-donacija-na-laptopi-vo-osnovni-uchilishta-prvite-dodeleni-vo-oou-nevena-georgieva-dunja-02.jpg

„Образовниот процес е право на секој ученик. Во услови на пандемија кога наставата во најголема мера се одвива онлајн, сакаме да помогнеме колку што можеме за непречено следење на наставата, а со оваа донација од нашата членка Mozzart правиме придонес во исполнување на таа цел. Ние како Асоцијација и сите наши членки остануваме посветени на општествено одговорните проекти кои нудат решенија за важни прашања во зедницата во која работиме.“ – изјави Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од оштеството.

Од Mozzart истакнаа дека продолжуваат наредниот период со донација на лаптоп компјутери во основните училишта, наменети за учениците кои не се во можност да ја следат онлајн наставата.

Би можело да ве интересира:

Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...

Најчитани неделава