ОКТА додели стипендии за постдипломски студии на УКИМ

(Скопје, 19.11.2020) – ОКТА преку својата програма за стипендирање, и во време на криза и големи предизвици, продолжи со поддршка на образованието и на новите генерации во државата.

okta-dodeli-stipendii-za-postdiplomski-studii-na-ukim-01.jpg

Како дел од корпоративно општествено одговорната стратегија, компанијата додели пет целосни стипендии за втор циклус студии на дел од најуспешните студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа програма се реализира четврта година по ред, а годинава стипендии добија по двајца студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии и на Технолошко - металуршкиот факултет и еден студент на Природно - математичкиот факултет (Институт за хемија).

Со цел придржување до протоколите за заштита од пандемијата со КОВИД-19, традиционалната посета на компанијата, годинава беше заменета со онлајн средба на добитниците на стипендија со главниот извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ.

„Воопшто немавме дилема дали да ја продолжиме нашата програма за стипендирање, бидејќи инвестирањето во идните генерации и надградбата на нивните знаења и вештини секогаш е исправна одлука. Наша примарна цел е да ги охрабриме и да ги мотивираме успешните студенти да го продолжат образованието и постојано да истражуваат и да иновираат. Во крајна линија, токму квалитетното образование е еден од основните предуслови за идниот економски развој на државата и ОКТА како компанија ќе продолжи да вложува силни напори за да го помогне овој процес“, вели Радовиќ.

Поддршката на образованието е еден од столбовите на стратегијата за корпоративна општествена одговорност на ОКТА. Компанијата во изминатите четири години додели вкупно 35 стипендии за постдипломски студии на УКИМ, како и седум стипендии за втор циклус студии на универзитетите во Грција. Дополнително, ОКТА придонесува за професионалниот развој на младите луѓе преку својата практикантска програма низ која во изминатиот период минаа голем број студенти.

Би можело да ве интересира:

Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...

Најчитани неделава