Mozzart со донација на лаптопи во ООУ Блаже Конески – во тек се хуманитарните акции во основните училишта

Во тек е големата акција на компанија Mozzart во која донираат лаптоп компјутери во основни училишта, наменети за ученици од социјално ранливи категории, со цел непречено следење на онлајн наставата во услови на Ковид-19.

mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-oou-blazhe-koneski-vo-tek-se-humanitarnite-akcii-vo-osnovnite-uchilishta-01.jpg

Досега Mozzart донираше лаптоп компјутери во ООУ Невена Георгиева Дуња во Општина Кисела Вода и ООУ Јан Амос Коменски во Општина Карпош, а сега дел од нивната донација е наменета за учениците од Основно општинско училиште Блаже Конески во Општина Аеродром.

Од училиштето се заблагодарија на Mozzart за реализираната донација и истакнаа колку се важни овие општествено одговорни активности за време на глобалната пандемија.

„Голема благодарност до компанија Mozzart за донацијата на лаптоп компјутери кои ќе се доделат на ученици од социјално ранливи категории, а во моментов не се во можност непречено да ја следат онлајн наставата. Ова е навистина прекрасен гест кој се надеваме дека ќе го следат како пример и останатите компании и ќе бидат општествено одговорни во средината во која работат.“ – изјави директорката на училиштето, Сузана Настовска.

mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-oou-blazhe-koneski-vo-tek-se-humanitarnite-akcii-vo-osnovnite-uchilishta-02.jpg

Од Mozzart се надеваат дека со оваа акција ќе помогнат онаму каде што е најпотребно и на одреден број ученици ќе обезбедат услови за да можат непречено да ја следат онлајн наставата, која е наметната како вистински предизвик во услови на пандемијата на коронавирусот.

„Уште од почетокот на пандемијата постојано реализираме бројни општествено одговорни активности во сите сфери и области, со цел полесно надминување на кризата и справување со предизвиците кои таа ги носи, а овој пат во фокус се основните училишта и учениците кои не се во можност непречено да учествуваат во образовниот процес. Преку донацијата на лаптоп компјутери имаме за цел да помогнеме онаму каде што е најмногу потребно, а со оваа акција продолжуваме и во наредниот период.“ – изјавија од менаџментот на компанија Mozzart.

mozzart-so-donacija-na-laptopi-vo-oou-blazhe-koneski-vo-tek-se-humanitarnite-akcii-vo-osnovnite-uchilishta-03.jpg

Компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните акции, кои особено се истакнуваат од појавата на Covid-19, a со тоа и појавата на зголемени потреби за помош во услови на глобална криза. Тие во борба против пандемијата на коронавирусот донираа финансиски средства, пакети со храна, телевизори, инвентар, витамински пакети за освежување, како и други материјални добра наменети за различни установи со кои обезбедуваат помош на најзагрозените категории на граѓани во сите области од општеството.

Би можело да ве интересира:

Јанг Дади им дојде на приредба на децата од неговото основно училиште - ја пееја „Лидија“ на цел гла... „Не можев да ја одбијам поканата од моето основно училиште „Коле Неделковски“, о...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...
Еспадрили од 1.000 евра, шешир од 800 евра – Аделина Тахири на одмор во Бодрум со цела колекција лук... MiuMiu шешир, Hermes чанти, Chanel влечки, Valentino еспадрили - колекцијата чев...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...

Најчитани неделава