Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Започна третата годишна конференција за е-трговија - Нина Ангеловска: Ова е историски момент за е-трговијата!

СКОПЈЕ, 25.11.2020:  Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странство

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-01.jpg

Оваа година програмата на конференцијата се одржува во два дена, во кои ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“. 

Овие теми, но и многу повеќе, ќе бидат разработени од преку 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите области, кои ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформален разговори, додека во улога на домаќин на овој дводневен настан ќе биде актерот Гораст Цветковски.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-04.jpg

- „Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина". посочи претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, во нејзиното поздравно обраќање.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-05.jpg

Освен Ангеловска, присутните ги поздрави и Амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз.

- „Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн“, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнз.

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-03.jpg

На конференцијата ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите од анализата за е-трговија со посебен акцент на влијанието на Ковид-19, а присутните ќе имаат можност и да ги слушнат истакнатите Јориј Абрахам – извршен директор на „Ecommerce Foundation“ и Барбара Сеса – раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Мастеркард.

Годинашното издание на конференција ќе го збогатат и две UNCTAD амбасадорки за „E-трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка na веб платформа за органски прехрамбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои ќе зборуваат на панел дискусијата „E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”, во која ќе се вклучи и Нина Ангеловска, која исто така е една од седумте амбасадорки за „E-трговија за жени”, назначени од UNCTAD. 

zapochna-tretata-godishna-konferencija-za-e-trgovija-nina-angelovska-ova-e-istoriski-moment-za-e-trgovijata-02.jpg

Од домашните говорници, своја презентација ќе имаат Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје и Иво Стојановски од A1 Македонија, Јана Дурнева од Phillip Morris International како и многу други еминентни  претставници на компании за е-трговија или други чинители од екосистемот на е-трговијата, велат од Асоцијацијата.

Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската експертска јавност, а истото се потврдува и со големата „онлајн“ посетеност со повеќе од 300 учесници од 150 компании, здруженија, организации и државни институции – акцентот е уште поголем посебно поради фактот што годинава конференцијата се одржува онлајн.

Би можело да ве интересира:

„Како фараони сте“ - 2Бона снимаат нови спотови во Египет „Богови сте“, „Моите омилени момчиња“, „Фараоните на Египет“ - велат фановите на...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Ирина Камилоска блеска покрај семејството: „Лена наполни 40 дена на денот кога започна нашата љубовн... „22.02.2022 – палиндром, датумот кога започна нашата љубов, а Лена прави 40 дена...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Моќен статус на Македонка: „Да ти се плукнам во ваква пролет, кога наместо да расцутат цветовите, ти... „Немоќно стоиш и немо гледаш во фотографиите и имињата на оние кои животот си го...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg