Black Friday добива ново значење – наместо попусти, компанијата dm дрогерие маркт донира 5% од целиот дневен промет за обезбедување храна и оброци за социјално загрозени сограѓани!

Скопје, 26.11.2020 – Во период кога сите на пазарот се насочени кон вртоглава потрошувачка и попусти, компанијата dm дрогерие маркт одлучи и оваа година, на т.н. „Црн Петок“ да му даде ново значење, такашто ќе донира 5% од целиот остварен промет на 27 ноември во хуманитарни цели.

black-friday-dobiva-novo-znachenje-namesto-popusti-kompanijata-dm-drogerie-markt-donira-5-od-celiot-dneven-promet-za-obezbeduvanje-hrana-i-obroci-za-socijalno-zagrozeni-sogragjani01.jpg

Оваа донација ќе биде реализирана во форма на пакети со храна кон организацијата „Ајде Македонија“ со цел обезбедување храна и оброци за социјално загрозени сограѓани.

Под слоганот „Giving is the new black“, најголемиот дрогериски ланец потсетува дека солидарноста никогаш не била попотребна од сега и дека токму сега е правиот момент, во оваа предизвикувачка 2020 година, да се навратиме на она што е навистина важно.

Предводени од ова, компанијата dm дрогерие маркт во нашата земја им дава шанса на сите свои купувачи да бидат дел од една голема хуманитарна активност и на 27 ноември да дадат свој придонес кон обезбедување што повеќе средства за храна за социјално загрозените сограѓани.

Компанијата dm ја започна оваа иницијатива минатата година, кога на Black Friday 2019 донираше 300.000,00 денари за обнова на апарати, потребни за Клиничкиот центар во Штип, а во текот на оваа година реализираше низа социјално-одговорни проекти, преку кои се донирани повеќе од 500.000 денари наменети за различни здравствени и општествено корисни институции.

Предводени од својот основен принцип „Човекот во центарот на работењето“, dm и во претстојната година ќе продолжи со реализација на општествено корисни проекти, кои ќе ја направат нашата заедница подобро место за живеење за сите нас.

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...
Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...

Најчитани неделава