„Авицена лабораторија“ со нова инвестиција за безбеден прием на пациенти и високософистициран робот за обработка на примероци за ковид-19

Авицена лабораторија уште од самиот почеток на пандемијата постојано вложува во своите капацитети, сѐ со цел на своите пациенти да им овозможи максимална безбедност и најквалитетна услуга по светски стандарди.

avicena-laboratorija-so-nova-investicija-za-bezbeden-priem-na-pacienti-i-visokosofisticiran-robot-za-obrabotka-na-primeroci-za-kovid-1910.jpg

Лабораторијата во изминатите неколку месеци обезбеди нов и целосно одвоен простор за прием на пациенти за ковид-19, комплетно физички одвоен од останатиот простор на лабораторијата, со површина од 260m², а оствари и повеќе инвестиции во моќни системи за вентилација, дезинфекција, заштитна опрема, најнова технологија за обработка на материјали.

Најново во „Авицена лабораторија“ е високософистициран робот за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во државата. Овој новитет ѝ овозможува на лабораторијата зголемен капацитет на обработка на материјали за ковид-19, со целосно автоматизирана и брза постапка за обработка на резултати, за прецизни и објективни резултати, во кои е исклучена каква било можност од грешка од човечки фактор. Овој робот е единствен од ваков тип во нашата држава, но се користи во многу лаборатории низ Европа и светот.

Покрај ова, лабораторијата за своите тестови за ковид-19 врши целосна внатрешна контрола на квалитетот, како и месечна надворешна контрола на квалитетот од реномираниот институт INSTAND Германија, што претставува гаранција за точни и прецизни резултати.

Погледнете повеќе на видеото:

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
Го посети родното Буково, ја однесе ќерката на гробот на баба ѝ – Ирена, која освои ерген во австрал... „Живот на село... Ги истражувам моите корени со мојата малечка ќерка. Тука живее...
Шминкерот Марјан Петров на луксуз во Сент Мориц: „Ручек е и 300€ по лице, тука е светскиот џет сет“ „Присуствував на поло настан кој има традиција од 1985 година, а се игра на смрз...
Шминкерот Марјан Петров ја разубави Лепа Брена за концертот во Охрид - сподели фотки од гардеробата ... „Една е Лепа Брена“ - напиша познатиот фризер и шминкер од Струмица, која со год...
Каролина и сопругот Михаил на патување во Јапонија - Го истражуваат Токио, уживаат во локално виски ... Од опуштени прошетки во паркови, преку истражување музеи со изложби на познати с...

Најчитани неделава