Вдомете куче од Лајка

Град Скопје и ЈП Лајка ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето нa ЈП Лајка и да вдомат куче.

vdomete-kuche-od-lajka-01.jpg

Шест кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Овие шест миленици на фотографиите се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП Лајка. Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.

vdomete-kuche-od-lajka-02.jpg

Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.

vdomete-kuche-od-lajka-03.jpg

Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка:

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Телефонски број: 022565859

vdomete-kuche-od-lajka-04.jpg

vdomete-kuche-od-lajka-05.jpg

vdomete-kuche-od-lajka-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Драган од Радовиш: „Поминаа 10 години откако дојдов во Шведска - знаев само 5-6 Македонци, но држава... „Денес... 10 години откако дојдов во Шведска. Искрено… поминаа како 10 дена. По ...
Мајка со деца нападната од кучиња во кичевско: „Малото ми го извлекоа од раце, го влечеа по бекатон,... „Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога нè нападнаа две аг...
Кучето му го уништи креветот на Џамбазов, видеото ги насмеа фановите: „Уште жално те гледа - глумица... „Ова ѝ е некаква одмазда, само да ми текне за што“, вели Игор Џамбазов, кој утро...
Бадник во домот на познатите Македонци - паричката кај Слаткар, Маја Кикириткова меси лепче со ќерка... „Среќен Бадник, мир во срцето, топлина дома и светлина во новиот почеток“, напиш...
Почина чичко Драги, кој цел живот го помина на Рекорд: „Му помагаа добри луѓе, се грижеше за бездомн... „Бев дете, можеби 3-4 години, се подигав на прсти на балконот од нашиот стан на ...

Најчитани неделава