Пакомак и Капитол Мол здружени за почиста средина го празнуваат седмиот #ЕкоРоденден

Цели седум години Капитол Мол претставува местото каде што потрошувачите можат да најдат се’ што им е потребно и притоа да го добијат најдоброто купувачко искуство во градот.

pakomak-i-kapitol-mol-zdruzheni-za-pochista-sredina-go-praznuvaat-sedmiot-ekorodenden01.jpg

По повод одбележувањето на седмиот роденден, Капитол мол и Пакомак ве повикуваат истиот да го одбележиме во боите на природата, здравјето и чистата животна средина, а притоа ви нуди и големи попусти за вашите новогодишни пазарувања.

Роденденската недела на Капитол Мол започнува на 12-ти, а завршува на 18-ти декември и во текот на овие седум дена купувачите ќе имаат можност да ги искористат големите попусти во трговскиот центар и да го завршат својот новогодишен шопинг. Во оваа сезона на подароци, Капитол мол и Пакомак одлучија дека најважниот подарок сепак мора да биде резервиран за потрошувачите и околината, па затоа веќе од утре (12.12.2020) пред трговскиот центар ќе бидат поставени контејнери за одложување на стаклен, пластичен и хартиен отпад, со цел заштита и зачувување на чистата околина.

pakomak-i-kapitol-mol-zdruzheni-za-pochista-sredina-go-praznuvaat-sedmiot-ekorodenden2.jpg

Пакомак и Капитол мол ве повикуваат да го прославиме овој роденден во еко дух, да ѝ посветиме внимание на животната средина и да се погрижиме дека амбалажниот материјал и останатиот отпад завршува онаму каде што треба - во соодветниот контејнер. Преку играта со бои, Пакомак ќе го олесни и процесот на еко-едукација за најмалите, кои ќе научат да ги поврзуваат различните контејнери со соодветниот тип на отпад (зелен за стакло, жолт за пластика и син за хартија).

pakomak-i-kapitol-mol-zdruzheni-za-pochista-sredina-go-praznuvaat-sedmiot-ekorodenden03.jpg

Сите граѓани, минувачи и потрошувачи се повикани да го остварат својот придонес кон здравата и чиста животна средина преку одложување на отпадот во контејнерите на Пакомак, за тој потоа да биде рециклиран. На овој начин, ќе имате директен удел кон одржувањето на здрава околина, која на пролет ќе биде разубавена и раззеленета со нови дрвја. Побрзајте, искористете ги роденденските попусти и одговорете на еко-повикот на Капитол Мол и Пакомак!

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвир Мекиќ: „Бев фан на Магија, со 57-ца стигнав во Радишани и заѕвонив на врата кај Јован за да ми... „Тогаш првпат во животот отидов во Радишани. Прашав каде живее Јован и ми ја пок...

Најчитани неделава