„Од работа нема срам“ – Панчо од ДНК се вработи како пица мајстор во корона кризата

Музичката индустрија е една од најпогодените во кризата од пандемијата, а Панчо од ДНК е еден од оние кои не се предаде и храбро продолжи да работи, но во друга индустрија – сподели дека се обучил за пица мајстор.

od-rabota-nema-sram-pancho-od-dnk-se-vraboti-kako-pica-majstor-vo-korona-krizata-01.jpg

Дефинитивно не постои срам за работа, а Владимир Блажев – Панчо е пример кој го покажува тоа.

Корона кризата ги остави музичарите без никакви приходи, па некои од нив мораат да се снаоѓаат во други индустрии.

Панчо на својот профил објави видео од кујна, каде работи како пица мајстор.

Секоја чест за примерот, а се надеваме дека наскоро ова лудило ќе помине и музичарите ќе се вратат на својата сцена.

Во описот на видеото Панчо напиша:

Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D'Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи .

Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели.

За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Ognen кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач . Се гледаме во DKitchen

 

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...

Најчитани неделава