Новиот менаџмент на Филип Морис Интернешнал: „Ќе продолжиме да работиме во насока на остварување на визијата за свет без чад“

На онлајн прес-конференцијата која се одржа на 15ти декември од страна на ФМИ, за промената во раководството, идните планови на компанијата и визијата зборуваа новиот Главен извршен директор Јацек Олчак и новиот Претседател на Управниот одбор, Андре Каланѕопулос.

noviot-menadzhment-na-filip-moris-interneshnal-kje-prodolzhime-da-rabotime-vo-nasoka-na-ostvaruvanje-na-vizijata-za-svet-bez-chad-01.jpg

Новото раководство истакна дека и покрај промената во раководните структури визијата за свет без чад и нејзиното остварување остануваат непроменета цел.

Одговарајќи на новинарско прашање во насока на контрадикторноста на новите бездимни алтернативи со основната дејност на компанијата Каланѕопулос истакна дека:

„Приближната бројка на пушачи кои ги користат нашите производи е 140 милиони. Во светот има 1 милијарда пушачи. Сметам дека има повеќе од доволно простор да го зголемуваме нашиот бизнис. Не само да ги префрлиме нашите потрошувачи кон подобри алтернативи, туку и сите други кои пушат. Сметам дека има работа за многу години од претстојниот период во оваа област. Имаме електронски уред со врвна технологија, прифатен од повеќе од 11 милиони корисници. Приоритетот во следните 10 години е пушачите да ги препознаат овие помалку штетни алтернативи, тоа е нашата мисија и тоа сакаме да го постигнеме.“

Новиот менаџмент исто така истакна дека промената во раководните структури не ја загрозува визијата за „Иднина без чад“ и дека постои јасна усогласеност за целите и спроведување на истите на раководно и извршно ниво, односно на ниво на Управниот одбор и извршниот менаџмент. Како конкретни планови беа истакнати продолжување на развој на помалку штетни алтернативи, истражување, развој на иновации, надградба на самата организација со цел да се испорачаат резултати во овие супер-модерни дигитализирани времиња, продолжување на соработката со владите кон создавање на соодветна регулатива за помалку штетните алтернативи, со цел да се обезбеди поттик и на ниво на побарувачка и на ниво на понуда со цел да се продолжи развојот на иновации.

За потсетување актуелниот Главен извршен директор на ФМИ, Андре Каланцопулос, беше назначен за Извршен претседател на Одборот, што ќе стапи на сила непосредно пред годишното собрание на акционери во мај 2021 година. Од лични причини, сегашниот претседател, г-дин Луис Камилери, изрази желба да се повлече од денот на објавувањето на огласот. Следствено, г-н Лусио Ното, Независен директор на ФМИ, ќе биде на функцијата привремен Претседател до наследувањето на г-дин Каланцопулос во мај. Тековниот Генерален оперативен директор на ФМИ, Јацек Олчак, ќе го наследи г. Каланцопулос како Главен извршен директор веднаш по состанокот во мај. Се очекува дека г. Олчак исто така ќе биде номиниран за избор во Управниот одбор на состанокот. Г-дин Олчак ги извршувал функциите Главен оперативен директор на ФМИ од јануари 2018 година и Главен финансиски директор од август 2012 година до декември 2018 година.

noviot-menadzhment-na-filip-moris-interneshnal-kje-prodolzhime-da-rabotime-vo-nasoka-na-ostvaruvanje-na-vizijata-za-svet-bez-chad02.jpg

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те зн... „Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Тво...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...

Најчитани неделава