Отворен нов Супер Тинекс во Струмица

Денес (21.12) познатиот ланец на супермаркети Тинекс отвори нов, модерен супермаркет во Струмица.

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-01.jpg

Новиот Супер Тинекс маркет во Струмица се наоѓа во склоп на малопродажниот парк One Stop Shop на ул.Климент Охридски бр.51. Жителите на Струмица и околниот регион ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден Тинекс маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, по достапни цени.

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-05.jpg

Супермаркетот Тинекс во Струмица располага со вкупна површина од 980м2 и е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара, месарница за свежо месо и сувомесно и млечни деликатеси, пекара, винарија со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.

Отворањето на овој супермаркет обезбеди нови 25 работни места, со што Тинекс придонесува и за намалување на невработеноста, во регионот и генерално во земјата, во услови на глобална пандемија.

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-2.jpg

По повод отворањето, подготвени се повеќе акции и промоции за потрошувачите ,а дополнително до 27ми декември, за секоја сметка над 999ден., Тинекс ќе подарува пакет производи во зависност од износот на сметката.

Со отворањето на Супер Тинекс маркетот во Струмица, Тинекс ја заокружи успешната година во која покрај во Струмица, беа отворени два нови супер Тинекс маркети во Скопје во населбите Тафталиџе и Аеродром, и еден супермаркет во Прилеп. Дополнително беше отворен еден Delicatessen Tinex маркет и се изврши целосно реновирање на два маркети во населбата Хром и Охрид.

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-03.jpg

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-04.jpg

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-06.jpg

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-07.jpg

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-08.jpg

otvoren-nov-super-tineks-vo-strumica-09.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Нови фотки од свадбата на Дејан Манасков, Мартија Станојковиќ со жартиери во Белград: Што прават наш... Ѓоко Танески со сопругата на снег, а исто така и Викторија Лоба со сопругот. Рак...

Најчитани неделава