Како да се продолжи рокот на траење на храната и да се намали отпадот од расипана храна со правилно складирање во фрижидерот?

Фрижидерот не е само простор каде што се складира храната, туку е уред кој што треба да има висок квалитет за безбедно чување на храната.

kako-da-se-prodolzhi-rokot-na-traenje-na-hranata-i-da-se-namali-otpadot-od-rasipana-hrana-so-pravilno-skladiranje-vo-frizhiderot-01.jpg

Секој различно ја складира храната во фрижидер, а некои воопшто и не внимаваат на тоа каде и како ја сместуваат. Секој фрижидер има различни полици и места за складирање, но и различни температурни зони за различен вид на храна. Тоа значи дека ако ги складирате работите на погрешни места, не ги користите предностите кои што ги нуди модерното чудо од фрижидер. Тоа води кон побргу расипување на храната, како и до загуба на пари.

Храната мора да биде одржувана на ладна температура за да се спречи појавaта на бактерии или другите микроби кои што доведуваат до расипување. Мора да се знае дека низ фрижидерот температурата варира на различни места во зависност од тоа колку се блиску до разладувачкиот елемент.

Samsung спроведе испражување на 20.000 луѓе низ 11 земји во Европа, преку кое се заклучи дека во просек се фрлаат шокантни 46% од храната што ја купуваат европските домаќинства или околу 4.003 евра завршуваат во канта за отпадоци секоја година. Овошјето е со висок ризик на расипување, а повеќето Европејци чуваат неправилно круши, јаболка и портокали, ги оставаат во фрижидер подолго од нормалното.

Корисниците бараат фрижидери во кои ќе може да складираат повеќе храна, а со новиот фрижидер на Samsung RB7300T ќе уживаат во SpaceMax ™ технологијата која ги прави sидовите потенки, така што фрижидерот со иста големина од надвор има поголем капацитет внатре. Складирањето на храната во екстра големиот фрижидер од 385 литри со стандарден дизајн со длабочина од 600 mm, никогаш не било поедноставно и полесно.

kako-da-se-prodolzhi-rokot-na-traenje-na-hranata-i-da-se-namali-otpadot-od-rasipana-hrana-so-pravilno-skladiranje-vo-frizhiderot-02.jpg

Samsung со моќните технологии како што се No Frost и Optimal Fresh + ја чуваат храната во идеални услови, а новиот фрижидер Samsung RB7300T е дизајниран да ја задржи свежината дури и на многу расипливи состојки, овозможувајќи им на клиентите да уживаат во храната подолго.

Во обид да се бори против отпадот од храна и да им помогне во едукацијата на потрошувачите за тоа како да го зголемат рокот на траење на нивните производи во фрижидерот, Samsung издвои едноставни совети за тоа како да го организирате вашиот фрижидер за да го намалите отпадот од храна и да помогнете предметите да траат подолго.

Прилагодете го фрижидер според потребите

Секогаш има некое високо шише или кутија со остатоци што не се вклопува во фрижидерот како што сакате. Полиците на Samsung RB7300T фрижидерот можат лесно да се преклопат, подигнат и спуштаат за да се создаде простор за сите намирници.

Не сите овошја и зеленчук се исти, па затоа е важно тие да се чуваат на соодветниот начин за да ја задржат свежината подолго. Некои овошја и зеленчуци, како што се авокадото, праските и дињата, треба да се чуваат надвор од фрижидерот пред да созреат, а се стават во фрижидер откако ќе созреат за да се спречи брзото расипување.

За да одржувате рамномерна температура во вашиот фрижидер, побарајте модели кои имаат No Frost технологија, со која не само што вашата храна ќе остане посвежа подолго, туку и ќе спречи натрупување на мраз, заштедувајќи го времето за одмрзнување.

kako-da-se-prodolzhi-rokot-na-traenje-na-hranata-i-da-se-namali-otpadot-od-rasipana-hrana-so-pravilno-skladiranje-vo-frizhiderot-03.jpg

Целта на фиоките е да одржуваат влажност која помага во зачувувањето на овошјето и зеленчукот. Но, не ги чувајте на една полица овошјето и зеленчукот. Многу овошја, вклучително и јаболката, праските, сливите, крушите произведуваат етилен, хемикалија која им помага да созреат. За жал, етиленот предизвикува зреење на други растенија, така што може да предизвика жолтеење на растенијата.

Секогаш чувајте месо, живина и риба на долната полица на фрижидерот и чувајте ги завиткани. Ова ќе помогне да се спречи ширењето на миризба какви било сокови од капење врз друга храна. Samsung Optimal Fresh + технологијата овозможува да чувате месо заедно со овошје или зеленчук подолго. Optimal Fresh + обезбедува две температурни зони. Левата страна е поладна, затоа месото и рибата остануваат свежи двојно повеќе. Десната страна е одлична за задржување на свежината на овошјето и зеленчукот.

Искористете го најдобро просторот во вашиот фрижидер и задржете ја подолго свежината на храната.

Би можело да ве интересира:

Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Славчо Попоски, метеоролог: „Ќе има обилни врнежи од дожд, но и снег на повисоките места“ „Голем влажен бран ќе ја зафати територијата на Македонија денес попладне и наве...
Кристина Димитри горда на синот: „Му го даде својот оброк на детенце што бараше храна, неговата добр... „Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевм...
Ирина Камилоска за одењето на Водно со 3-месечниот син: „Го дојам синот на јавни места, се качуваме ... „Имавме ситуација кога една мајка не можеше да се искачи на десетина минути пред...
3 симпатични кафулиња во Скопје со игротека Родителите имаат ретка можност за „раат кафе“ во оние места кои нудат нешто плус...
Славчо Попоски, метеоролог: „Уште една многу топла недела, викендов можни врнежи од дожд“ „Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg