ОКТА со нова донација на Клиниката за инфективни болести ја поддржа борбата против COVID-19

(Скопје, 24.12.2020) – ОКТА АД – Скопје со нова донација од 3.000 серолошки тестови ја поддржа борбата против корона вирусот.

okta-so-nova-donacija-na-klinikata-za-infektivni-bolesti-ja-poddrzha-borbata-protiv-covid-19-01.jpg

Донацијата, која е наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, се состои од по 1.500 тестови за испитување на антителата IgG и IgM за КОВИД-19, кои соодветствуваат на опремата и Abbott апаратот за анализа со кој располага клиниката.

„ОКТА како компанија е свесна дека поддршката од бизнис заедницата е неопходна и токму затоа изминатава година нашите активности беа насочени во напорите за справувањето со корона вирусот. Имајќи ја предвид епидемиолошката состојба во државата, во соработка со Министерството за здравство, беше одлучено дека во моментов има најголема потреба од донација на серолошки тестови наменети за Инфективната клиника, како здравствена институција која носи најголем товар од почетокот на оваа криза“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Од почетокот на КОВИД-19 пандемијата, ОКТА во повеќе наврати преку разни донации ги поддржа јавните институции. Компанијата во април донираше вредна медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести, додека во октомври го поддржа образовниот процес во општина Илинден преку донација на лаптопи и заштитни маски.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава