Волонтерите од организацијата САНО добија новогодишна донација од Македонски Телеком

volonterite-od-organizacijata-sano-dobija-novogodishna-donacija-od-makedonski-telekom01.jpg

  • Поддршка на хуманоста – за поубав крај на годината и почеток на Новата

Подарувањето и грижата се вообичаени за овој период од годината, но за волонтерите од организацијата САНО, кои им помагаат на децата со малигни заболувања и нивните родители, грижата и поддршката се секојдневие.

Овие херои кои се соочиле со малигнитети во детска возраст и ја победиле болеста им помагаат на децата со ранлива здравствена состојба во каква што биле и самите пред неколку години.

Искуствата што ги имале додека се бореле со болеста им помагаат на волонтерите лесно да препознаат каде и каква помош им е потребна на овие деца и нивните родители. Споделувањето искуства, психолошката и логистичката поддршка низ здравствениот систем, но и едноставното дружење со децата и родителите се дел од секојдневните активности на мрежата волонтери од САНО. Минатата година оваа организација отвори и Родителската куќа во која престојуваат родителите чии деца се лекуваат на Клиниката за детски болести.

Во пресрет на Новогодишите празници, Македонски Телеком ѝ дава поддршка преку донација на оваа хуманитарна организација, за да помогне во реализација на нивните проекти и активности.
Годинава, компанијата во заедничка акција со вработените донираше и монтажна општа амбуланта на Клиника за детски болести, а со поддршката на волонтерите на САНО, ја продолжува својата мисија за креирање хумано општество.

Овие луѓе треба да се пример и инспирација за сите нас и пред крајот на оваа година која ни донесе многу предизвици да нè потсетат дека малите лични подвизи можат да направат големи промени.

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...

Најчитани неделава