Државна Лотарија и Црвен крст започнаа со хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории граѓани во борба со Ковид-19

Ова не е краткорочна кампања, ќе трае и по празниците, но токму сега, во времето за дарување можеме да се вклучиме сите и подарувајќи пакет инстант лозови, покрај среќа, забава и добивки да бидеме хумани и подариме некому здравје.

drzhavna-lotarija-i-crven-krst-zapochnaa-so-humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-vo-borba-so-kovid-19-01.jpg

Акцијата се одвива преку продажба на инстант лозовите „Еко скутер“ во коверт „Среќа плус“. Еден пакет лозови содржи 6 лоза, што значи дека акцијата „5+1“ продолжува, а дополнително со купување на овој пакет се учествува и во кругот на среќа и солидарност.

Во зимскиот период за борба со Ковид-19 на најнемоќните им се потребни витамини и суплементи, за што ќе се наменат 10% од средствата собрани од оваа акција.

drzhavna-lotarija-i-crven-krst-zapochnaa-so-humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-vo-borba-so-kovid-19-02.jpg

Зато ги покануваме сите граѓани и сите правни субјекти, во пресрет на престојните новогодишни празници, да подарат инстант лозови „Еко скутер” во пакет „Среќа плус” и да се вклучат во кругот на среќа и солидарност.

Акцијата на терен веќе започна. Тимови на Црвен крст, со првите досега собрани средства, веќе набавија дел од суплементите и започнаа да ги посетуваат домовите на социјално загрозени и немоќни граѓани даруваќи ги првите пакетчиња за здавје.

drzhavna-lotarija-i-crven-krst-zapochnaa-so-humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-vo-borba-so-kovid-19-03.jpg

Пакетот „Среќа плус“ со инстант лозови „Еко скутер”, може да го најдете на сите продажни места на Државна лотарија ширум нашата земја.

Претпријатијата може да направат нарачка на: 02 32 77 77 и на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., a со тоа да подарат среќа на свои вработени и соработници.

Подарете среќа и бидете хумани.

drzhavna-lotarija-i-crven-krst-zapochnaa-so-humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-vo-borba-so-kovid-19-04.jpg

drzhavna-lotarija-i-crven-krst-zapochnaa-so-humanitarna-akcija-za-poddrshka-na-ranlivi-kategorii-gragjani-vo-borba-so-kovid-19-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фот... „Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Ср...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Над 252 тони отпад собрани и селектирани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 - најмасовната еко-акција во земја... Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по тр...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Денес се слави Света Великомаченичка Варвара – Што треба, а што не треба да правите на овој ден? Најголема радост е ако на овој ден во домот на гости ви дојде мало дете. Што тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg