Во месецот на хуманост Mozzart донира 148.814 денари

Во месецот на хуманост во Mozzart имаше еден добитен хуманитарен тикет од 58.814 денари, а вкупната уплата од цел декември Mozzart ќе ја донира во Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.

vo-mesecot-na-humanost-mozzart-donira-148-814-denari01.jpg

Во Mozzart-овиот месец на хуманост собрани се околу 2.420 евра! Влогот од 3.000 денари кој оваа компанија секој ден го даваше на познати личности за типување преку целиот декември воедно беше и загарантирана добивка. Тоа значи дека Хуманитарниот тикет на некој начин „помина“, и покрај оној добитниот кој го типуваше ракометарот Филип Кузмановски. Нашиот ракометен репрезентативец и играч во Хановер добиените средства од 58.814 денари ги насочи за малиот Михаил Ристоски од Тетово, кој има дијагноза - парализа на левата рака.

„Благодарност до MOZZART за можноста да учествувам во оваа хуманитарна кампања и со мојот добитен тикет да придонесам кон хуманитарните акции кои ги организираат како општествено одговорна компанија. Навистина се израдував кога видов дека мојот тикет помина и дека ги погодив сите парови, се надевам дека добивката ќе помогне во лекувањето на малиот Михаил. На сите им посакувам среќни Новогодишни и Божиќни празници, со желба за многу здравје, радост и среќа и што поуспешна 2021 година.“ – изјави ракометарот Кузмановски.

Дополнително, вкупниот декемвриски фонд од 90.000 денари кој оди во хуманитарни цели е наменет за Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје. Ова не е прв пат компанијата Mozzart да соработува со оваа установа. Досега Детскиот дом „11 Октомври“ има добиено телевизори, како и донација од хуманитарен тикет од речиси 100.000 денари.

„Новогодишните празници се традиционално време на дарување, а компанија Mozzart одлучи цел декември да го прогласи за месец на хуманост и на тој начин да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, поддршката во заедницата беше најмногу потребна. Но, се трудиме атмосферата на дарување да трае преку целата година. Во овие тешки времиња и зголемена потреба за помош во услови на глобална криза, Mozzart повеќе од било кога реализираше бројни општествено одговорни активности во различни установи. За време на празниците е особено важно уште повеќе да се соединиме во вакви акции кои некого ќе израдуваат и ќе им го направат овој период од годината посреќен.“ – изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Инаку, кампањата Хуманитарен тикет за викенд се реализира повеќе од една година. Досега имаше два добитни тикети – едниот добитен тикет го состави фудбалерот Остоја Стјепановиќ, а добивката од 99.386 денари беше наменета во Домот за деца без родители во Скопје. Вториот добитен тикет го состави фудбалерот Благоја Тодоровски, а со добиениот износ беа набавени прочистувачи на воздух наменети за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје во хемато-онколошкото одделение.

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава