Македонски доктор и инфлуенсер од Германија ја прими вакцината за ковид-19 - открива детали од процесот на Инстаграм

И додека сѐ уште траат дебатите за или против вакцината на BioNtech/Pfizer, македонски доктори од земјите низ светот почнаа да ја примаат. Доктор Горан од Германија го пренесува своето искуство...

makedonski-doktor-i-influenser-od-germanija-ja-primi-vakcinata-na-biontech-pfizer-protiv-kovid-19-otkriva-detali-od-procesot-na-instagram-01.jpg

Доктор Горан Трајковски од Македонија работи како доктор интернист во Германија. Тој секојдневно споделува детали од својот работен ден, но и од приватниот живот на Инстаграм и има повеќе од 27.000 следбеници.

Доктор Горан е меѓу првите Македонци што ја прими вакцината на BioNtech/Pfizer и објави видео од процесот на примањето.

Во описот на видеото тој открива детали од процедурата:

„Денес ја добив првата доза од вакцината на BioNtech/Pfizer за SARS-COV2 вирусот. Се работи за mRNA вакцина.

Добив многу прашања од вас за приказните кои кружат околу вакцината и мое мислење за тоа.

Сериозни краткорочни несакани ефекти специфични за вакцинава досега не видовме, за долгорочни сè уште е рано да се каже. Иако е ова прва mRNA вакцина која се користи кај човекот, технологијата/истражувањето зад вакцината е скоро 6 децении старо.

Според мене изборот е следниот: или ќе ги пробам шансите со тоа што ми го нуди модерната медицина или пак ќе си ги пробам шансите со Ковид-19. А од тоа што го видов во последнава година работа на ковид-интензивниот оддел (не само кај постари туку и кај млади особи) пре би го земал ризикот кој го носи вакцината...

Се надевам на добар исход.

После една недела се очекува околу 52% заштита. 1 недела после втората доза 95% заштита.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Доктор Митов со сопругата д-р Васка му прославија 4-ти роденден на најмалото од трите деца Најстариот син Григориј има 12 години, а најмалиот син Елисеј сега наполни 4 год...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
„Човек со срце планина“ - Доктор Владимир Чадиковски објави емотивно видео за напуштените дечиња во ... „Во Битола постои едно место каде љубовта не е збор, туку секојдневие – Центарот...

Најчитани неделава