Исповед на Македонка: „Моето НЕ, не беше послушано и беше злоупотребена мојата состојба“

„Ова е една приказна која што ја немам кажано на никој. Се најдов во ситуација каде моето НЕ, не беше послушано. И покрај тоа што не бев во состојба да се согласам на некаков акт, тој акт сепак се случи“ – ја започнува својата исповед Кика, уште една Македонка која се охрабри да проговори за да им даде поддршка на останатите девојки кои минале низ слично искуство.

ispoved-na-makedonka-moeto-ne-ne-beshe-poslushano-i-beshe-zloupotrebena-mojata-sostojba-01.jpgфото: Инстаграм Кика Авеиро

По харброста на Ана, која со крената глава ја раскажа нејзината приказна за „Јавна Соба“, и други Македонки собираат храброст да прозборат гласно и да не дозволат каков било вид на насилство да остане скриен под тепихот на срамот и стравот.

Кика Авеиро е македонска инстаграмџика која е уште една жртва на насилство, за кое во младоста воопшто не била свесна, но сега реши храбро да раскаже за нејзината случка, преку видео.

Таа сака да ја поткрене свеста кај девојките кои не знаат која е границата од каде што започнува насилството кое што може да биде пријавено и кое не треба да биде прифатено како нормално.

Пред неколку години, таа се нашла во непријатна ситуација, каде нејзината алкохолизирана состојба била злоупотребена и нејзиното одбивање на сексуален акт, било неприфатено.

„Ова е една приказна која што ја немам кажано на никој и никогаш не мислев дека ќе ја споделам јавно, но со сите работи што се случуваат во последните месеци, потребно е да се споделуваат вакви приказни и да зборуваме на оваа тема.

Пред околу 5-6 години во моите студентски денови, се случи ситуација за која немам проговорено. Студенти, журки, алкохол, каде што јас консумирав малку повеќе од што би било препорачливо. Се најдов во ситуација каде моето НЕ, не беше послушано и беше злоупотребена мојата состојба. Состојба во која не бев во можност да се согласам или да не се согласам на нешто.

И покрај тоа што не бев во состојба да се согласам на некаков акт, тој акт сепак се случи. Во тој период не ми паѓаше на крај памет дека треба да го пријавам тој момент, дека можам да пријавам и дека тоа не е во ред.

Тоа што јас го мислев во тој период е дека е моја вина, дека јас сум крива, затоа што јас направив грешка, јас не требаше да пијам или да се облечам така и така, не требаше да разговарам со таа личност, не требаше да го кажам ова или она. Безброј обвинувања према себеси. Мислев дека јас сум крива, дека треба да се помирам и да продолжам понатаму во животот.“ – вака ја започнува својата приказна Кика.

ispoved-na-makedonka-moeto-ne-ne-beshe-poslushano-i-beshe-zloupotrebena-mojata-sostojba-2.jpgфото: Инстаграм Кика Авеиро

Сепак, нејзиното понатамошно созревање, ја натерало да сфати дека тоа што се случило не е нормално, но и дека не треба да се срами за тоа.

Таа долги години го криела нејзиното непријатно искуство, но решила дека е време да стави крај на молкот, откако многу храбри девојки во регионот, како Милена и „нејзината армија“ девојки кои пријавија сексуално насилство од Мика Алексиќ, но и Македонки како Ана која зборуваше за злоупотребувањето на нејзини податоци во Јавна Соба.

„После неколку години, откако читав и се информирав на темава, размислувајќи на таа случка, сфатив дека тоа не беше во ред, и дека тоа беше еден вид на сексуално злоставување. Го кажувам ова зошто се случува многу често. Не само што не знаеме дека не е во ред, туку и се обвинуваме самите себе. Се срамиме, не го кажуваме на никој, не бараме помош.

Без разлика што се случило, силување или било какво сексуално злоупотребување, малтретирање или во случајов споделување на фотографии, како што имаме во последнава година со Јавна Соба. Се обвинува жената – зошто таа така се сликала, зошто испила толку, зошто се облекла така, зошто разговарала со тој, требала да го откачи. Еден куп обвинувања. Секогаш жената е крива.“ – продолжува таа.

ispoved-na-makedonka-moeto-ne-ne-beshe-poslushano-i-beshe-zloupotrebena-mojata-sostojba-3.jpgфото: Инстаграм Кика Авеиро

Со оваа исповед, Кика упатува поддршка до Ана, девојките кои минале низ слично искуство, но и оние кои биле на каков било друг начин сексуално злоставувани. Таа испраќа силна порака дека девојките НЕ СЕ САМИ и ја имаат поддршката за заедно да успеат да изградат поздраво и побезбедно општество.

Некако зборот на жената многу малку се почитува. Зборот НЕ, значи НЕ. Ако ти кажам НЕ, не значи дека треба да пробаш да ме убедиш, или да употребиш физичка сила за да ме натераш да направам нешто што не сакам да направам. Ако немаш мое одобрување да споделуваш мои фотографии, не треба да го правиш тоа. Тоа е здрав разум. Кога ќе се спомне сексуално злоставување, во глава ни доаѓа дека некој ќе скокне од грмушка и ќе ја нападне жената. Во реалноста, многу често овие злоупотреби се случуваат од луѓе кои ги познавате. Во домашни услови или во приватна атмосфера.

Доколку не зборуваме на оваа тема, работите ќе стануваат само полоши. Јас знам колку е тешко да се споделат вакви приказни. Сакам да ве охрабрам да споделите затоа што на тој начин си помагаме меѓу себе. Колку повеќе зборуваме, толку помалку ќе може да нѐ игнорираат. Ве охрабрувам, споделете, затоа што НЕ СТЕ САМИ“ - завршува Кика со својата исповед.

Погледнете го целосното видео од исповедта на Кика:

https://www.instagram.com/p/CKkE15Xn2_b/

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео) „Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејств...
Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те ... „Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, моја...
Вирален хит: Македонка во забавно видео покажа како звучи нашиот јазик со различни странски акценти „Ма леле колко јас сакам да причам македонски – водата, лоптата, масата, топката...
Македонка го посети најсиромашниот кварт во Кенија: „Бев во африканско гето, каде ако некој нешто ук... „На една страна од градот Најроби го имаш најголемиот луксуз, исто како да се на...
Македонка, омажена во Волос, за CRNOBELO: „Состојбата со поплавите во Грција е ужасна, кај мене пред... „Овде е хаос, исплашени сме, не престанува да врне. Автомобилите веќе до половин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg