Отворено пријавувањето за ПРВ ДО ВРВ 2021, прелиминарните виртуелни трки започнуваат веднаш

Започна раното пријавување за деветтото издание на ПРВ ДО ВРВ Водно 2021, кое оваа година ќе се одржи на 16 мај.

otvoreno-prijavuvanjeto-za-prv-do-vrv-2021-preliminarnite-virtuelni-trki-zapochnuvaat-vednash-01.jpg

Новина на ова издание на настанот е категоријата ВИРТУАЛ чии победници ќе се добијат преку 90-дневен виртуелен предизвик кој ќе му претходи на мајскиот настан. Сите пријавени учесници имаат можност во периодот од 11 февруари до 12 мај да учествуваат во овие прелиминарни виртуелни трки во кои секој со своите индивидуални активности на дефинираните патеки на Водно, ќе се рангира во табелата со резултати. Покрај брзината, на рангирањето влијае и бројот на обиди. Победниците во виртуелните трки ќе бидат прогласени заедно со останатите на 16 мај на врвот на Водно.

otvoreno-prijavuvanjeto-za-prv-do-vrv-2021-preliminarnite-virtuelni-trki-zapochnuvaat-vednash02.jpg

Традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим-билдинг трката за компании. Останатите содржини, како пикникот и музичката програма ќе бидат дополнително одредени во согласност со здравствените мерки.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Би можело да ве интересира:

Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ... „Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот, затоа обј...
Познати Македонци кои го започнаа лето 2025 со одмор во Турција – водни лудории со деца, уживање во ... Лила Филиповска се забавува и се качи на фламинго за време на одморот во Бодрум,...

Најчитани неделава