Љубовната приказна на парот од Гевгелија што ја освои Србија: „Ја запросив на жичница на Копаоник на -20°C“


Љубовната приказна на парот од Гевгелија што ја освои Србија: „Ја запросив на жичница на Копаоник на -20°C“

„Сите детали околу патувањето во Копаоник беа договорени и организирани однапред и при пакувањето на моите лични работи, прстенот покрај неговото оригинално пакување го изолирав уште во неколку заштитни обвивки и го ставив помеѓу облеката во куферот за да не го види Викторија“, раскажува 33-годишниот Димитар.

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-01.jpg

Во некои српски медиуми осамна приказната за романтичното запросување на пар од Македонија на Копаоник.

Станува збор за пар од Гевгелија и тоа Викторија Проданова (25), која работи како физиотерапевт и Димитар Каракамчев (33), кој е менаџер за продажба.

Димитар дошол на идеја да ѝ приреди на својата сакана запросување што нема да го заборави и тоа на жичницата на Копаоник кога температурите биле -20°C, но денот сончев и незаборавен.

За CRNOBELO.com Димитар ја раскажува нивната приказна и споделува детали од запросувањето што ја освои Србија:

„За Денот на вљубените , како фанатици на зимската идила и зимските спортови и атракции одлучивме да отпатуваме за Копаоник, Србија. Затоа што вистинската љубов не се наоѓа туку се раѓа, така и нашата љубов се роди во вистински миг. 

Сè се случи кога за првпат ја сретнав Викторија во локален фолклорен ансамбл КУД Негорци , каде таа членуваше како играорец, а јас бев повикан да бидам дел од оркестарот при истиот ансамбл. Од тогаш искрите пламнаа , па сè до ден денес тие се сè посилни. Ако треба да зборувам за љубовта, односно нашата љубов , би рекол дека таа е синоним за слога, почит и разбирање. 

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-11.jpg

Нормално дека претходно имав информации, што мојата сакана обожува и каков стил негува. Тоа ме водеше да го пронајдам вистинскиот прстен и вистинската дестинација за запросување. 

Сите детали околу патувањето беа договорени и организирани и при пакувањето на моите лични работи, прстенот покрај неговото оригинално пакување го изолирав уште во неколку заштитни обвивки и го ставив помеѓу облеката во куферот. Стигнавме во хотелот и се симнав по личниот багаж.

Кога се вратив Викторија ме изненади со внимателно спакуван подарок за Денот на вљубените. Бев пријатно изненаден и шокиран, а воедно и воздржан да не се издадам за миговите кои следат во утрешниот ден. 

Утрото нè разбуди прекрасното сонце и белата снежна покривка и се впуштивме да ги уживаме природните убавини кои ги нуди Копаоник.  Тргнавме со жичницата од Туристичкиот центар накај врвот Панчиќ 2017м , кога на половина пат жичарата одеднаш застана, а мене ми помина една реченица во мислите  „Сега е вистинскиот момент“. 

Следуваше волшебното прашање „Сакаш ли да се омажиш за мене?“. Во тој момент во нејзините очи видов емоции кои беа измешани од среќа, радост, возбуда, збунетост . Кога дојде при себе , за многу кратко време добив одговор „ДА“. 

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-07.jpg

Се симнавме од жичницата и се упативме кон ресторанот да се згрееме и да наздравиме со вино. Температурата тој ден беше неверојатни 20°С под нулата.

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-09.jpg

Сите подготовки ги имав осмислено претходно (карти за жичницата, ресторан, пречек со вино, фотографирање) за да биде денот за паметење и несекојдневен.“

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-10.jpg

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-08.jpg

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-04.jpg

Повеќе фотки од парот:

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-06.jpg

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-05.jpg

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-02.jpg

ljubovnata-prikazna-na-parot-od-gevgelija-shto-ja-osvoi-srbija-ja-zaprosiv-na-zhichnica-na-kopaonik-na-20-c-03.jpg

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или да споделите доживување од вашето секојдневие, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg