Јана Стојановска славеше роденден, Калиопи со Милица Тодоровиќ во Белград: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 01 март 2021
Кој патуваше во Србија, кој се пофали со драстичното слабеење, а кој уште еднаш покажува дека музиката му е животот?

Актерката Јана Стојановска живее во Букурешт со својот избраник и детето, а неодамна славеше роденден и прикачи фотки како позира во еден ресторан, додека нејзината сестра актерката Ана Стојановска направи селфи во автомобил и се пожали дека ѝ недостига возењето на мотоцикл.
Калиопи беше во Белград, а при заминувањето ја испрати српската пејачка Милица Тодоровиќ, па таа јавно ѝ искажа благодарност што станала толку рано за неа.
Актерите Атанас и Тино го најавија својот нов проект, а Тамара ја посети сестра си Тијана во Србија.