Тон емоции: Екипата на Панчо направи забава во негова чест, сите пеат во еден глас - „Блескај како дијамант на небото“ (видео)

„Shine bright tonight... like diamonds in the sky“ - во скопски ноќен клуб, сите во еден глас ги пеат стиховите од „Diamonds“, кои симболично ги посветуваат на Панчо, а од моментот ќе ве полазат морници. Неговата екипа Sure Shotz направи забава во чест на прерано починатиот Панчо и му дадоа силен аплауз на човекот кој има направено многу за нив и хип-хоп сцената во Македонија. 

ton-emocii-ekipata-na-pancho-napravi-zabava-vo-negova-chest-site-peat-vo-eden-glas-sjaj-kako-dijamant-na-neboto-video-01.jpg

„Sure Shotz“ e екипа основана од Владимир Блажев Панчо, која веќе две децении напорно работи кон ширење на хип-хоп културата во Македонија и регионот.

Во нивната диџејска екипа, но и семејство како што се нарекуваат, голема улога имаше Панчо, кој на оваа сцена беше познат како DJ Shorty P.

Заедно со неговата екипа тој често правеше забави на кои пушташе некои од најголемите хитови, но за жал, прерано нè напушти и зад себе го остави музичкото наследство и спомените.

Неговите колеги, минатиот четврток, направија забава во негова чест, во скопски ноќен клуб, каде ги пуштаа омилените песни кои секогаш ќе ги потсетуваат на него сите оние кои беа дел од нивните хип-хоп настани.

На Инстаграм профилот на Sure Shotz, е објавена емотивна снимка од забавата, каде нашите диџеи Irie Scratch и Nasty ја пуштаат „Diamonds“ од Ријана.

На првиот стих „Shine bright like a diamond“ сите присутни во клубот даваат силен аплауз, а емотивниот момент создава морници по телото.

Потоа сите во еден глас ги пеат стиховите и симболично му ги посветуваат на Панчо: „Блескај силно вечерва, како дијамант на небото“.

„Фала ви на сите што сте со нас во овој тежок и предизвикувачки период. Shine bright like a diamond P!“ – стои во описот на објавата.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Татко кој се гордееше со синовите, хуманитарец кој двоеше од себе за оние што немаат - Сеќавање на Панчо од ДНК

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Антониа Гиговска: „Психички бев лошо по породувањето - имав притисок во глава дека не сум добра мајк... „Поминував низ стварно тежок период, добивав безброј коментари дека кариерата се...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава