Продолжува трендот на намалување на загадувањето во Скопје

После добрите резултати од анализата за јануари, кои забележаа намалување на загадувањето во Скопје во споредба со претходните години, слични резултати се добиени и за февруари. Односно, со споредувањето на нивото на ПМ10 честички и бројот на денови на надминување, позитивниот тренд на опаѓање е забележан и во февруари годинава.

prodolzhuva-trendot-na-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-vo-skopje-01.jpgФото: мерни станици на Министерство за животна средина и просторно планирање

Од графиконите изработени од Министерството за животна средина и просторно планирање се забележува дека во сите државни мерни станици во централното подрачје на Скопје има намалување на загадувањето во последниве години, односно во периодот 2018-2021.

На пример, во најзагадениот ден во Карпош од февруари 2017-та измерена е концентрација од 471 микрограм ПМ10 честички, додека годинава бројката е намалена повеќе од четирипати и изнесува 100 микрограми на метар кубен.

Оваа година Карпош, заедно со Гази Баба, го бележат најниското ниво на максимална среднодневна вредност на ПМ10 честички во воздухот. Слични резултати се добиени во сите државни мерни станици во Скопје.

Со анализа на податоците од февруари, се забележува постепено и континуирано намалување на бројот на ПМ10 честички во воздухот, по драстичниот пад во 2018-та.

prodolzhuva-trendot-na-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-vo-skopje-02.jpgФото: мерни станици на Министерство за животна средина и просторно планирање

Ако се направи просек на годишно ниво, се забележува дека во 2020-та падот на нивото на ПМ10 честички е особено изразен. Кога ќе се земе предвид дека бројките се намалуваат во најзагадените месеци од годината – јануари и февруари – можеме да очекуваме дека трендот на опаѓање ќе продолжи во текот на целата 2021-ва. Овие податоци се индикација дека се преземаат вистински чекори за долготрајно решавање на проблемот со загадувањето.

prodolzhuva-trendot-na-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-vo-skopje-03.jpgФото: мерни станици на Министерство за животна средина и просторно планирање

Јасно е дека мерките за намалување на загадувањето нема да дадат резултати преку ноќ, но овие податоци го покажуваат нивното позитивно влијание, што значи треба посветено да се продолжи со преземените активности за да се стигне до посакуваната цел.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...

Најчитани неделава