#EarthHourMK: Дали природата го возвраќа ударот?

Со дигитална конференција за климатски промени ќе се одбележи часот на планетата Земја

earthhourmk-dali-prirodata-go-vozvrakja-udarot-01.jpg

СКОПЈЕ, 22.03.2021 – Експерти од различни области ќе дискутираат под мотото „Дали природата го возвраќа ударот?“ на првата дигитална климатска конференција која ќе се одржи оваа сабота (27 март), со почеток во 19:30, а со која виртуелно ќе се одбележи годинашната акција Часот на планетата Земја.

На конференцијата премиерно ќе бидат претставени климатските акции на македонците преку презентацијата „Кон зелена иднина со амбициозни климатски акции“ на Павлина Здравева, координатор за климатски промени во канцеларијата на УНДП во Северна Македонија. Дополнително, преку три дебати во кои ќе учествуваат претставници од локалната власт од град Скопје и општина Охрид, претставници од Собранието на РСМ, бизнис секторот и невладините организации, ќе бидат дискутирани теми поврзани со забрзаното уништување на природата и начините како да го промениме нашето живеење за да ја осигураме иднината на планетата Земја.

Освен официјалниот дел, во текот на конференцијата ќе биде презентирано и моќно вирално видео преку кое Часот на планетата Земја и Светскиот фонд за природа (WWF) ќе се обидат да испратат порака на надеж, како што успеавме да се прилагодиме да живееме и дејствуваме против пандемијата, на сличен начин да се обидеме да дејствуваме против уништувањето на природата.

Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност помеѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, оваа година преку светскиот едночасовен мрак ќе алармираме дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета.

Конференцијата ќе биде бесплатна за сите заинтересирани граѓани и ќе се емитува во живо на сите социјални канали на Часот на планетата Земја - @EarthHourMK или на веб страницата - во период од 19:30 до 21:30 часот.

Оваа година, Часот на планетата Земја ќе се одржи на 27 март (сабота), кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив дел е Македонија.

Започнувајќи како симболичен настан во Сиднеј во далечната 2007 година, Часот на планетата Земја сегасеодбележува во повеќе од 180 земји и територии како глобален момент на солидарност за планетата.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Матичен доктор од Скопје дава совети за здравјето при наглите температурни промени: „Можни се главоб... „Главоболка, омалаксаност, зашеметеност, вртоглавица, тахикардија (забрзано чука...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Јелена Спенџарска, Кристина Арнаудова - Познатите Македонци со осуда за однесувањето кон Дара, евров... „Ја навредуваа без крај и без осет, една млада девојка на почеток на кариера, а ...

Најчитани неделава