Македонскиот пејач и композитор Зафир Хаџиманов почина на 77-годишна возраст

Српските медиуми јавуваат дека битката со корона вирусот ја загубил македонскиот пејач, композитор, поет и автор, Зафир Хаџиманов.

makedonskiot-pejach-i-kompozitor-zafir-hadjimanov-pochina-na-77-godishna-vozrast-01.jpgфото: Фејсбук - Зафир Хаџиманов

Зафир Хаџиманов, по татко од Кавадарци, по мајка од Скопје, речиси целиот животен век го помина во Белград, каде и згасна неговиот живот на 77-годишна возраст.

Српските медиуми јавуваат дека наводно тој ја загубил битката со корона вирусот.

Тој беше во брак со југословенската пејачка Сенка Велетанлиќ – Хаџиманов, со која го имаат синот Васил Хаџиманов.

Зафир е автор на стихозбирките „Шансони на хартија“, „Азил“, има играно главни улоги во неколку филмови, беше добитник на бројни награди и признанија на фестивали за поезија и музика, а има отпеано некои од најпознатите песни на македонски јазик.

Дел од оние кои засекогаш ќе останат запаметени се „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ и други.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Живее во Белград, има 12-годишна ќерка: Каде е и што прави Здравкица Милиќ од „Скај селекшн“? „Токму во периодот кога се подготвував за приемниот испит на Филолошкиот факулте...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
„Баба е!“ – изјава што предизвика жестока кавга меѓу Маја Поцевска и Златко Андовски Во последната епизода на емисијата Нешто конкретно, разговорот на тема убав...

Најчитани неделава