Град Скопје го отвори зелениот покрив на Домот на градежници

Скопје, 18.05.2021 година - Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот - покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-01.jpg

Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри. Ова ново зелено катче денеска и официјално го отворија за посетители градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-02.jpg

- По фантастичното искуство што го имавме со отворањето на зелениот покрив на Градскиот трговски центар ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Таа се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што и тоа како ни е потребно зеленило. Постарите генерации скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летно кино, а граѓаните од околината можеле да уживаат во кино-претстави. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено „немо“ кино во кое со слушалки ќе се гледа претставата, за да не пречиме на соседството. Ем ќе ги вратиме спомените, ем ќе го облагородиме овој простор – рече денеска градоначалникот Шилегов.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-03.jpg

Тој додаде дека Градот Скопје многу вложува во зеленилото, а деновиве почнува и сезоната на пролетно садење.

- Сакам да упатам голема благодарност до амбасадата на Кралството Холандија и до заменик амбасадорот Роберт Декер за донацијата на муралот кој што го облагороди изгледот на овој објект – нагласи Шилегов.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-11.jpg

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот. Согласно со податоците од релевантни истражувања температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 Целзиусови степени споредено со конвенционалните покриви. Со тоа, температурите на околината можат да се намалат до 3 Целзиусови степени, при што потрошувачката на електрична енергија потребна за ладење на овие објекти би се намалила за 0,7%.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-04.jpg

Според постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, се повеќе луѓе во светот живеат во градовите, тоа создава голем притисок врз животната средина и отвора предизвици за локалната самоуправа, па затоа УНДП секогаш се обидува да помогне.

- Поканете што повеќе луѓе да го посетат овој простор, да организираат настани, да дојдат со семејствата особено во овој период на ковид кога сите сакаме да излеземе на отворено – рече Сахакјан.

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-05.jpg

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-06.jpg

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-07.jpg

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-08.jpg

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-09.jpg

grad-skopje-go-otvori-zeleniot-pokriv-na-domot-na-gradezhnici-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Николче од Скопје ја запроси саканата Ангела во Св. Наум: „Заедно сме 7 месеци, ѝ се насолзија очите... „Кога стигнавме до местото каде што ме запроси, сè изгледаше како сцена од роман...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава