Предлог за олабавување мерки: Маските да не бидат задолжителни на отворено, забраната за групирање нема да важи

Од 1 јуни  маските на отворено да не бидат задолжителни, забраната за групирање на отворено да престане да важи, да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено - кои се новите предлози за олабавување на мерките?

predlog-za-olabavuvanje-merki-maskite-da-ne-bidat-zadolzhitelni-na-otvoreno-zabranata-za-grupiranje-nema-da-vazhi-01.jpg

Министерот Филипче на социјалните мрежи напиша: 

Утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Кризниот штаб да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до кризниот штаб ќе ги предложи следните олабавувања:

Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.

Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила.

Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките.

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Браво! Македонец 2 дена тетовира во хуманитарни цели, а парите ги донира за малиот Анѓел - Истетовир... „Оваа недела ја посветувам на една навистина важна и човечка цел - да му помогне...
Миа Костова за изгледот: „Првпат ставив ботокс на 30 години, се каам за некои импулсивно ставени тет... „Користев филери во уста и само еднаш во јаболчници пред 3 години последен пат. ...
Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните ... Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка н...
Ледената Бетика 15 години учествува на Вевчански карневал: „Сама ги правам маските, сум се враќала о... „Дел сум од оваа 1.400 и кусур годишна традиција 15 години, не како набљудувач, ...
Моделот Елена Ѓорговска на луксузно зимување во Франција - шопинг во Dior, ручек со поглед на Алпите Од посета на луксузниот локал, Bagatelle Courchevel, каде минималната цена што с...

Најчитани неделава